Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Седници на Совет на експерти 2026

Информација од 40-та седница на Советот на експерти, одржана на 29.04.2026 година

Советот на експерти одржа седница на 29.04.2026 година и донесе/одлучи:

  1. Правилник за измена и дополнување на Правилникот за агенти на пензиски друштва и
  2. Да се Анекс кон Колективниот договор на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување.

Советот на експерти даде одобрение на:

  1. Барањето од Сава пензиско друштво а.д. Скопје за добивање на согласност за Договори за посредување при купопродажба на хартии од вредност
  2. Барањето од Сава пензиско друштво а.д. Скопје за добивање на одобрение за реизбор на Давид Бенедек за член на Надзорен одбор на Друштвото и
  3. Барањето од Сава пензиско друштво а.д. Скопје за добивање на одобрение за реизборот на Павел Гојкович за член на Надзорен одбор на Друштвото.

Советот на експерти го разгледа:

  1. Кварталниот извештај за реализација на Годишниот план за јавни набавки за периодот од 01.01.2026 година до 31.03.2026 година.

 

Информација од 39-та седница на Советот на експерти, одржана на 09.04.2026 година

Советот на експерти одржа електронска седница на 09.04.2026 година и донесе:

  1. Одлука за избор на работници

Информација од 38-та седница на Советот на експерти, одржана на 31.03.2026 година

Советот на експерти одржа седница на 31.03.2026 година при што ги донесе:

  1. Финансиските извештаи за 2025 година;
  2. Правилникот за измена и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување и
  3. Правилникот за измена и дополнување на Правилникот за внатрешна организација на работата на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување.

Советот на експерти одржа електронска седница на 03.03.2026 година и донесе/одлучи:

  1. Предлог измена на Правилник за систематизација на работните места во Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување;
  2. Предлог измена на Правилник за внатрешна организација на работата на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување;
  3. Измена на годишен план за вработување на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за 2026 година и
  4. Да се склучи Анекс кон Колективниот договор на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување.

 

Советот на експерти одржа седница на 26.02.2026 година и ja донесе:

  1. Годишната програма за работа на Aгенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за 2026 година со Акциски план за спроведување на Годишната програма.

Советот на експерти даде одобрение на:

  1. Барањето од ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје за добивање на согласност за стекнување на нови акции од страна на акционерот на ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје – Заваровалница Триглав д.д. Љубљана  и барање на согласност за измена на статут на ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје.

Советот на експерти ги разгледа:

  1. Кварталниот финансиски извештај за периодот од 01.10.2025 година до 31.12.2025 година;
  2. Полугодишниот извештај за реализација на финансискиот план на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2025 година за период од 01.07.2025 до 31.12.2025 година и
  3. Извештајот за задоволството на вработените од работата во Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во периодот 2024-2025 година.

 

Советот на експерти одржа седница на 29.01.2026 година при што ги донесе следните документи:

  1. Одлука за висината на платата и месечниот надоместок на претседателот и членовите на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за 2026 година и
  2. Годишен план за јавни набавки во 2026 година на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување.

Советот на експерти даде одобрение на:

  1. Барањето од Сава пензиско друштво а.д. Скопје зa добивање на одобрение за измена на договорот со чувар на имот НЛБ Банка АД Скопје;
  2. Барањето од Сава пензиско друштво а.д. Скопје зa добивање на одобрение за изменување на Статутот на Сава пензиско друштво а.д. Скопје;
  3. Барањето од ВФП ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД СКОПЈЕ за добивање на одобрение за измена и/или дополнување на статутот на пензиското друштво и
  4. Барањето од ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје за добивање на одобрение за назначување на Цветанчо Димовски за одговорно лице за пресметка на програмирани повлекувања.

Советот на експерти ги разгледа:

  1. Кварталниот извештај реализација на Годишниот план за јавни набавки за периодот од 01.10.2025 година до 31.12.2025 година;
  2. Извештајот за степенот на имплементација на Планот за подобрување на капацитетите во Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за 2025 година;
  3. Извештајот за активностите на Комитетот за оценка на ризици во 2025 година и
  4. Извештајот за видео надзор за 2023-2025 година.
Skip to content