Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Учество на МАПАС на Меѓународната конференција за централно банкарство во услови на глобални промени

Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), Ремзи Бајрами, заедно со членот на Советот на експерти Пранвера Сума, присуствуваа на Меѓународна конференција на високо ниво, во организација на Народната банка, во соработка со Европскиот форум за пари и финансии (SUERF – The European Money and Finance Forum), на тема: „Централното банкарство во услови на постојани светски промени: поттикнување стабилност, иновации и издржливост“.

Конференцијата ја отвори гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, додека воведно обраќање имаше и претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски.

Настанот претставуваше значајна платформа за размена на искуства и добри практики помеѓу централните банки, регулаторните тела, носителите на политики и меѓународните финансиски институции, со фокус на зајакнување на стабилноста, поттикнување на иновациите и зголемување на отпорноста на финансиските системи во услови на глобални предизвици.

Во рамки на конференцијата беа разгледани актуелни прашања поврзани со улогата на централните банки и супервизорските институции во современото економско опкружување, како и потребата од континуирано унапредување на регулаторните и супервизорските практики.

Учеството на претставниците на МАПАС е во насока на следење на меѓународните трендови и зајакнување на институционалните капацитети, со цел понатамошно унапредување на системот на капитално финансирано пензиско осигурување во Република Северна Македонија.

 

Skip to content