Наредниот четврток (12.11.2020) ќе биде организирана последната акција од овој вид. Затоа, доколку сте пензионер или познавате пензионер кому му треба помош во обезбедување на секојдневните намирници, секој работен ден, од 09:00 до 17ч, јавете се на бесплатниот телефонски број 0800 11 800.
Обезбедувањето на намирниците за пријавените пензионери во рамките на акцијата се одвива секој четврток, до 15.11.2020, во општините во Скопје. Услугата е бесплатна и при доставата треба да се покријат само трошоците за набавените продукти.