Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Уште еден четврток, уште една успешна волонтерска акција под мотото: „Помогни на пензионер денес затоа што тебе утре ќе ти треба помош“!

Наредниот четврток (12.11.2020) ќе биде организирана последната акција од овој вид. Затоа, доколку сте пензионер или познавате пензионер кому му треба помош во обезбедување на секојдневните намирници, секој работен ден, од 09:00 до 17ч, јавете се на бесплатниот телефонски број 0800 11 800.
Обезбедувањето на намирниците за пријавените пензионери во рамките на акцијата се одвива секој четврток, до 15.11.2020, во општините во Скопје. Услугата е бесплатна и при доставата треба да се покријат само трошоците за набавените продукти.

Skip to content