Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Важни информации

Едно од основните права на членовите на пензиските фондови во рамки на капитално финансираното пензиско осигурување е правото на премин од еден во друг задолжителен пензиски фонд или од еден во друг доброволен пензиски фонд. Преминот може да го остварите преку потпишување договор за членство со пензиско друштво кое управува со друг задолжителен, односно доброволен пензиски фонд и плаќање надомест (доколку е потребно). Доколку учесник во професионална пензиска шема се вработи кај друг работодавач или се зачлени во друго здружение т.е. премине кај друг осигурител кој организира професионална пензиска шема, тогаш средствата од постојната професионална сметка се пренесуваат на професионалната сметка во професионалната пензиска шема организирана од другиот осигурител. Во случај да преминете од еден во друг задолжителен или од еден во друг доброволен пензиски фонд, Вашите средства се пренесуваат од постојниот во идниот задолжителен, односно доброволен пензиски фонд.


ПРАВО НА ПРЕМИН ВО ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ПЕНЗИСКИ ФОНД

Доколку сте поминале најмалку 720 дена во еден задолжителен пензиски фонд имате право на бесплатно преминување во друг задолжителен пензиски фонд. Доколку сте поминале помалку од 720 дена за премин во друг задолжителен пензиски фонд треба да платите надоместок за премин. Секое друштво ја определува висината на износот на надоместокот за премин во рамките на максималната висина на <<надоместкот<< определен од Агенцијата врз основа на бројот на денови од датумот кога членот се стекнал со статус на член во постојниот задолжителен пензиски фонд до крајниот рок до кој членот треба да достави до Агенцијата формулар и доказ за платен надомест. По исклучок, во случај на прво членство во задолжителен пензиски фонд, бројот на денови се пресметува од првиот ден во месецот за кој членот стекнал право на придонес во задолжителниот пензиски фонд, Максималните износи на надоместокот се дадени во следната табела:

Број на денови Износ на надоместок за премин
број на денови ≤72 >15 Евра
број на денови>720 Не се наплаќа надоместок


Износот на надоместокот се пресметува во денарска противвредност на еврото по среден курс на Народната банка на Република Македонија на денот на уплатата на средствата.


ПРАВО НА ПРЕМИН ВО ДОБРОВОЛЕН ПЕНЗИСКИ ФОНД

Доколку сте поминале најмалку 360 дена во еден доброволен пензиски фонд имате право на бесплатно преминување во друг доброволен пензиски фонд. Доколку сте поминале помалку од 360 дена од првиот ден за кој имате право да Ви се плати придонес во доброволен пензиски фонд до моментот на премин, при преминот во друг доброволен пензиски фонд треба да платите надоместок за премин. Секое друштво ја определува висината на износот на надоместокот за премин во рамките на максималната висина на надоместот определен од Агенцијата врз основа на бројот на денови од кога членот се стекнал со статус на член во постојниот доброволен пензиски фонд до датумот на потпишување на договорот за членство во идниот доброволен пензиски фонд. Максималните износи на надоместокот се дадени во следната табела:

Број на денови Износ на надоместок за премин
број на денови ≤360 10 Евра
број на денови >360 Не се наплаќа надоместок


Износот на надоместокот се пресметува во денарска противвредност на еврото по среден курс на Народната банка на Република Македонија на денот на уплатата на средствата.

Сите нововработени осигуреници се задолжителни членови во вториот столб и веднаш по вработувањето тие времено се распределуваат од страна на МАПАС во пензиски фонд по случаен избор. Во тој период пензиските друштва не го знаат името и презимето на осигурениците, а осигурениците не знаат каде се распределени.

Времено распределените осигуреници имаат рок од три месеци, по вработувањето, да изберат во кој пензиски фонд ќе членуваат. Тоа значи дека може по СОПСТВЕН ИЗБОР да се зачленат во пензискиот фонд во кој биле времено распределени или да одберат да се зачленат во другиот пензиски фонд.

По истекот на тој рок, ако осигурениците не одлучат во кој пензиски фонд ќе ч ленуваат, остануваат членови во пензискиот фонд во кој биле времено распределени.

Единствено од МАПАС осигурениците добиваат известување во кој фонд се распределени!

Skip to content