Вработените во Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС, заедно со членовите на Советот на експерти, учествуваа во доброволна крводарителска акција која се одржа во Центарот за дарување крв “Даре Џамбаз” во Скопје.
Со оваа хумана активност, учесниците ја потврдија својата општествена одговорност и подготвеност да придонесат за спасување човечки животи и поддршка на здравствениот систем. Крводарувањето претставува чин на солидарност и хуманост кој има непроценливо значење за лицата на кои им е потребна крв и крвни продукти.
МАПАС останува посветена на промовирањето на хуманите вредности и активно учество во општествено одговорни активности кои придонесуваат за благосостојбата на заедницата.
Агенцијата упатува искрена благодарност до сите вработени и членови на Советот на експерти кои учествуваа во оваа иницијатива, како и до вработените во Центарот за дарување крв “Даре Џамбаз” за нивната посветеност, професионалност и континуиран придонес во организирањето и спроведувањето на крводарителските активности.
(02) 3224 229
contact@mapas.mk