МАПАС во текот на месец мај 2021 година, спроведе истражување за информираноста на членовите во задолжителните пензиски фондови преку телефонска анкета.
Вкупниот примерок, опфатен во оваа анкета го сочинуваа 1.100 испитаници, членови на задолжителни пензиски фондови, при што 47% од испитаниците се членови на Отворен задолжителен пензиски фонд Сава пензиски фонд, 50% од испитаници се членови на КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје и 3% од испитаниците се членови на Триглав отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје. Во примерокот, 96% од испитаниците се членови со склучен договор за членство додека 4% се распределени членови.
Втората група на прашања во анкетата го оценува нивото на Лична информираност и запознаеноста со задолжително капитално финансирано пензиско осигурување.
Прашањата од оваа група, како и добиените резултати се следните:
- “Дали Вие имате индивидуална сметка на која се уплаќаат придонеси за пензиско и инвалидско осигурување – 6% од бруто плата?”
82,1% од испитаниците одговориле дека поседуваат индивидуална сметка на која се уплаќаат придонеси за пензиско и инвалидско осигурување, а 13,9% одговориле дека немаат индивидуална сметка. Само 4,0% одговориле дека не знаат дали поседуваат индивидуална сметка на која се уплаќаат придонеси.
- “Дали вашите средства на индивидуалната сметка се инвестираат според строго пропишани правила?”
66,9% од испитаниците одговориле дека средствата на индивидуалната сметка се инвестираат според строго пропишани правила, а 10,1% одговориле дека средставта не се инвестираат. 23,0% одговориле дека не знаат дали средствата на нивната индивидуална сметка се инвестираат.
- “Дали средствата може да ги користите со стекнување на право на пензија?”
82,9% од испитаниците одговориле дека средствата може да ги користат со стекнување на право на пензија, а 5,6% одговориле дека не можат да ги користат. 11,5% одговориле дека не знаат дали можат да ги користат средствата по стекнување на право на пензија.
- “Дали вашето членство во задолжителниот пензиски фонд продолжува доколку имате престанок на работниот однос”?
58,0% од испитаниците одговориле дека нивното членство во задолжителниот пензиски фонд продолжува и доколку имаат престанок на работниот однос, а 14,5% одговориле дека членство во задолжителниот пензиски фонд не продолжува по престанок на работен однос. 27,5% одговориле дека не знаат дали членство во задолжителниот пензиски фонд продолжува доколку имаат престанок на работниот однос.
Вкупна оцена на личната информираност и запознаеност со вториот пензиски столб изнесува 3,90 (на скала од 1 до 5) односно многу мал дел од испитаниците или 7,2% воопшто не се информирани и запознаени со вториот пензиски столб во нашата земја.
Графички приказ на добиените резултати по спроведената анкета за степенот на Лична информираност и запознаеноста со вториот пензиски столб:
Поврзани информации:
- МАПАС спроведе истражување за информираноста на членовите во задолжителните пензиски фондови во мај 2021 година
- Резултати од истражувањето за степенот на Лична информираност за членување во задолжителен пензиски фонд