Во рамки на активностите за заштита и подобрување на животната средина и со цел подигнување на свеста кај граѓаните, вработените од МАПАС ја чистеа локацијата Проевце – Куманово. Активноста се спроведе во околина на изворот на природна кисела вода. Со ова се потврдува дека продолжуваме со активности кои се одвиваат најмалку два пати годишно, се со цел заштита и подобрување на животната средина.