Како општествено одговорната институција Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС, ја продолжуваме традицијата на собирни акции, со што сакаме да ги инспирираме и да биеме позитивен пример за другите институции и компании да се вклучат во хумантирани акции и да се создаде позитивно општествено влијание.
МАПАС организираше собирна акција за донирање на облека, каде што се донираа над 75 ќеси со облека, која преку социјалното претпријатие Копче ќе се проследи до крајните корисници.
Со оваа успешна акција, заеднички праќаме и една порака до граѓаните:
Хуманоста е основен дел од човечката природа, изразувајќи ja преку донирање и помагање на оние на кои им е најпотребно. Донирањето средства, време или ресурси може значително да го подобри животот на луѓето во неволја.
Помагајќи им на другите, не само што ги подобруваме нивните услови, туку и ја зајакнуваме нашата заедница и создаваме посилен, посолидарен свет. Хуманоста нè потсетува дека сите сме поврзани и дека нашите мали акти на добрина можат да имаат големо влијание.