Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Бенифициран стаж

Член на задолжителен пензиски фонд кој навршил стаж на осигурување со зголемено траење кој овозможува намалување на старосната граница за остварување право на старосна пензија за најмалку една година согласно со членот 118 став (3) од Законот за пензиското и инвалидското осигурување, може да избере да го продолжи членството во вториот пензиски столб со писмена изјава за продолжување на членството во задолжителен пензиски фонд во рок од три месеци од навршувањето на стажот на осигурување.

Доколку членот на задолжителен пензиски фонд, во текот на траењето на рокот, не даде писмена изјава за продолжување на членството во задолжителен пензиски фонд, по истекот на овој рок му престанува членството во задолжителен пензиски фонд.

По престанокот на членството, пензиското друштво го пренесува вкупниот износ на средства од индивидуалната сметка на членот во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија, и овој осигуреник останува осигурен само во тековното финансирано пензиско осигурување засновано на генерациска солидарност.

Изјава за пополнување

Форма за изјава за бенифициран стаж



     

    Skip to content