Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), заедно со трите пензиски друштва – КБ Прво пензиско друштво, САВА пензиско друштво и ТРИГЛАВ пензиско друштво, во ООУ „Гоце Делчев“ – Аеродром, Скопје одржаа едукативно предавање за финансиска писменост и запознавање на учениците од 8 одделение со пензијата и функционирањето на пензискиот систем.
Финансиската писменост е од големо значење затоа што токму во овој период од развојот кај учениците се формираат навиките и ставовите кон парите кои ќе ги следат во текот на целиот живот. Преку соодветна едукација, учениците почнуваат да разбираат што претставува буџет, како да ги планираат своите трошоци и како да направат разлика помеѓу потреби и желби.


Овие знаења придонесуваат за развивање на поголема одговорност во секојдневното одлучување и управување со личните ресурси. Дополнително, финансиската едукација ги подготвува учениците за реалниот живот, каде што ќе треба да управуваат со своите приходи, да штедат, да планираат и одговорно да трошат.
Со навремено усвојување на овие вештини се намалува ризикот од лоши одлуки и неправилно управување со финансиите во иднина. Најважно од сè е што на овој начин учениците развиваат самостојност, одговорност и подобро разбирање на економските процеси во општеството.
Затоа, финансиската писменост не претставува само знаење за пари, туку важна животна вештина која придонесува за нивен успешен и одговорен личен развој.
Запознавањето на учениците уште од најрана возраст со пензијата и пензискиот систем е од особено значење, бидејќи се поттикнува интересот кај учениците и разбирањето на поимите како што се плата, придонеси, заштеда, инвестирање, сигурност, долгорочност и принос, како и нивната значајна улога во секојдневното нивно живеење и функционирање, особено во носењето одлуки во иднина кои обезбедуваат долгорочна финансиска сигурност.
Мапас и пензиските друштва активно работат и спроведуваат активности за зголемување на финансиската писменост кај младите и го потикнуваат процесот на поголемо имплементирање на финансискта едукација во наставниот процес .
(02) 3224 229
contact@mapas.mk