Како општествено одговорната институција Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС, ја продолжуваме традицијата на собирни акции, со што сакаме да ги инспирираме и да биеме позитивен пример за другите институции и компании да се вклучат во хумантирани акции и да се создаде позитивно општествено влијание.

Со оваа успешна акција, заеднички праќаме и една порака до граѓаните:
Хуманоста е основен дел од човечката природа, изразувајќи ja преку донирање и помагање на оние на кои им е најпотребно. Донирањето средства, време или ресурси може значително да го подобри животот на луѓето во неволја.
Помагајќи им на другите, не само што ги подобруваме нивните услови, туку и ја зајакнуваме нашата заедница и создаваме посилен, посолидарен свет. Хуманоста нè потсетува дека сите сме поврзани и дека нашите мали акти на добрина можат да имаат големо влијание.