Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Испитот за агенти од декември ќе се спроведува и на албански јазик

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС ја информира јавноста дека почнувајќи од декември 2026 година, испитот за агенти ќе биде достапен и на албански јазик, покрај досегашната можност за полагање на македонски јазик.

Со оваа промена, на кандидатите заинтересирани за полагање на испитот за агенти им се овозможува избор на јазикот на кој ќе го полагаат испитот, односно на македонски или на албански јазик.

Оваа можност претставува чекор кон унапредување на достапноста на испитот и создавање еднакви услови за сите заинтересирани кандидати кои сакаат да се стекнат со овластување за вршење работи на агент во капитално финансираното пензиско осигурување.

МАПАС и во иднина ќе продолжи со активности насочени кон унапредување на достапноста на своите услуги и информирањето на јавноста, со цел поттикнување на професионалноста и развојот на капитално финансираното пензиско осигурување.

За повеќе информации во врска со програмата и полагањето на испитот за агенти, кандидатите можат да ја посетат официјалната веб страница на МАПАС на следниот линк:

https://mapas.mk/agjentet/programi-i-provimit-per-agjente/?lang=sq

Skip to content