Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Активност за општествена одговорност – садење дрвца на локалитет Миладиновци

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС, во постојано стремење кон унапредување на општествената одговорност, и оваа година продолжува со спроведување на својот план за активности. Во рамките на овој план, МАПАС се вклучи во акција за садење на дрвца, со цел подобрување на животната средина.

Со гордост можеме да споделиме дека сите наши вработени активно учествуваа во оваа важна акција. На локалитетот Миладиновци, со заеднички напори, ние засадивме нови дрвца, што ќе допринесе за подобар квалитет на воздухот и општествената средина во нашата заедница.

Веруваме дека секој мал чекор за заштита на природата е важен, и сме среќни што можеме да бидеме дел од овој позитивен напор. Нашиот ангажман за одржливост и општествена одговорност продолжува и во иднина, заедно со нашата заедница.

Skip to content