Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

МАПАС на промоцијата на апликацијата m.Uslugi – чекор кон подостапни и поефикасни јавни услуги

Претседателот на МАПАС, Ремзи Бајрами, заедно со членот на Советот на експерти, Пранвера Сума и главната советничка Марија Поповска, присуствуваа на официјалната промоција на апликацијата m.Uslugi, која претставува значаен чекор во процесот на дигитална трансформација и модернизација на јавните услуги.

Воведувањето дигитални решенија овозможува полесен и побрз пристап до електронски услуги и документи, придонесувајќи за намалување на административните постапки и зголемување на достапноста и ефикасноста на институционалните услуги.

МАПАС ја препознава важноста на дигитализацијата како процес што придонесува за модернизација на институциите, унапредување на нивното работење и создавање поедноставни и подостапни услуги за граѓаните.

Преку следење на современите трендови и развојот на дигиталните решенија, МАПАС продолжува да ги поддржува иницијативите насочени кон поефикасно, транспарентно и кориснички ориентирано работење на институциите.

Skip to content