Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

МАПАС на свечената академија по повод 80 години централно банкарство

Членот на Советот на експерти, Пранвера Сума и главната советничка Марија Поповска присуствуваа на свечената академија по повод одбележувањето на 80 години централно банкарство, организирана од Народната банка на Република Северна Македонија.

Настанот претставува можност за одбележување на осумдецениското постоење и развој на централното банкарство во земјата, како и за истакнување на неговата улога во одржувањето на монетарната и финансиската стабилност и развојот на финансискиот систем.

Преку своето присуство, МАПАС ја потврдува важноста на институционалната соработка и координацијата меѓу финансиските институции, со заедничка цел за унапредување на стабилноста, довербата и одржливиот развој на финансискиот систем во Република Северна Македонија.

Skip to content