Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Објавен е Кварталниот статистички извештај бр.60

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС го објави Кварталниот статистички извештај за четвртиот квартал во 2020 година.
Согласно Кварталниот статистички извештај МАПАС ја информира пошироката јавност дека со состојба 31.12.2020 година:
• Вкупниот број на членови во задолжително капитално финансирано пензиско осигурување изнесува 529.983.
• Вкупниот број на членови во доброволно капитално финансирано пензиско осигурување изнесува 26.016.
• Нето средствата во задолжително капитално финансирано пензиско осигурување изнесуваат 87.257,09 милиони денари.
• Нето средствата во доброволно капитално финансирано пензиско осигурување изнесуваат 2.292,13 милиони денари.
• Вкупните уплатени придонеси во задолжително капитално финансирано пензиско осигурување во четвртиот квартал од 2020 година изнесуваат 2.414,73 милиони денари.
• Вкупните уплатени придонеси во доброволно капитално финансирано пензиско осигурување во четвртиот квартал од 2020 година изнесуваат 120,84 милиони денари.

Кварталниот статистички извештај бр.60, 31.12.2020 е на следниот линк:
https://mapas.mk/wp-content/uploads/2021/01/Kvartalen-statistichki-izvestaj-60_31122020_web.pdf

Skip to content