Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС го објави Кварталниот статистички извештај за третиот квартал во 2022 година.
Согласно Кварталниот статистички извештај со состојба 30.09.2022 година:
- Вкупниот број на членови во задолжително капитално финансирано пензиско осигурување изнесува 566.146.
- Вкупниот број на членови во доброволно капитално финансирано пензиско осигурување изнесува 731.
- Нето средствата во задолжително капитално финансирано пензиско осигурување изнесуваат 109,7 милијарди денари.
- Нето средствата во доброволно капитално финансирано пензиско осигурување изнесуваат 2,92 милијарди денари.
- Вкупните уплатени придонеси во задолжително капитално финансирано пензиско осигурување во третиот квартал од 2022 година изнесуваат 2,74 милијарди денари.
- Вкупните уплатени придонеси во доброволно капитално финансирано пензиско осигурување во третиот квартал од 2022 година изнесуваат 76,69 милиони денари.
Кварталниот статистички извештај бр.67, 30.09.2022 е на следниот линк:
Кварталниот статистички извештај бр.67, 30.09.2022