Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС го објави Кварталниот статистички извештај за четвртиот квартал во 2023 година.
Согласно извештајот заклучно со четвртиот квартал во 2023 година:
- Вкупниот број на членови во задолжителните пензиски фондови изнесува 593.023.
- Вкупниот број на членови во доброволните пензиски фондови изнесува 500.
- Нето средствата на задолжителните пензиски фондови изнесуваат 135,21 милијарди денари.
- Нето средствата на доброволните пензиски фондови изнесуваат 3,59 милијарди денари.
- Вкупните уплатени придонеси во задолжителните пензиски фондови во четвртиот квартал од 2023 година изнесуваат 3,66 милијарди денари.
- Вкупните уплатени придонеси во доброволните пензиски фондови во четвртиот квартал од 2023 година изнесуваат 187,82 милиони денари.
Кварталниот статистички извештај бр.72, 31.12.2023 е на следниот линк:
https://mapas.mk/wp-content/uploads/2024/01/kvartalen-statistichki-izvestaj-72_31122023_web.pdf