Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Одржан работен состанок со Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски

Претседателот на Советот на експерти на МАПАС, Ремзи Бајрами, членот на Советот на експерти на МАПАС, Пранвера Сума и главниот советник на претседателот на МАПАС, Марија Поповска, одржаа работен состанок со Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски.

На состанокот беа разгледани актуелни прашања поврзани со капитално финансираното пензиско осигурување, со посебен акцент на понатамошниот развој и унапредување на пензискиот систем, неговата долгорочна одржливост и обезбедувањето соодветна пензиска сигурност за граѓаните.

Во рамки на состанокот беше разговарано и за можностите за унапредување на соработката и координацијата меѓу институциите, како и за размена на мислења и искуства во насока на креирање и спроведување политики кои ќе придонесат кон стабилен, ефикасен и одржлив пензиски систем.

Исто така, на состанокот беше потврдена определбата за продолжување на конструктивниот институционален дијалог и соработката, со цел заеднички придонес кон унапредување на пензискиот систем и обезбедување поголема сигурност за сегашните и идните пензионери.

Skip to content