Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Пензискиот пазар во фокус 2023

Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) го објави најновиот број на изданието Пензискиот пазар во фокус 2023.

 

Изданието на Пензискиот пазар во фокус 2023 обезбедува детални и споредливи статистички податоци за пензиските системи базирани на средства ширум светот. Оваа година се разгледува влијанието на зголемената инфлација, повисоките каматни стапки и другите макроекономски и финансиски движења на пензиските системи базирани на средства во 2022 година, а особено на инвестициските резултати, инвестициското портфолио, средствата на пензиски заштеди, учеството во пензиските фондови и уплатените придонеси. Податоците што се користат за подготовка на овој извештај се обезбедени од регулаторите од земјите во рамките на проектот на ОЕЦД за Глобална статистика за пензии.

Истовремениот пад на цените на обврзниците и на акциите, двата главни инструменти во портфолијата на пензиските фондови предизвика номинални загуби на инвестициите. Високите стапки на инфлација ја влошија оваа динамика, со негативни реални стапки на принос забележани во повеќето земји. Сепак големите добивки постигнати во претходните години го ублажија влијанието на овие негативни стапки на принос врз долгорочните инвестициски резултати на пензиските фондови.

Позитивното влијание на повисоките износи на уплатени придонеси беше недоволно за да се надомести влијанието на негативните инвестициски резултати во многу земји коишто се членки на ОЕЦД, што доведе до пад на вредноста на пензиските средства. Меѓутоа, во неколку земји коишто не се членки на ОЕЦД, повисоките износи на придонеси во однос на износите на исплатите на пензии ги компензираа загубите на инвестициите, бидејќи во многу од овие земји фазата на исплата на пензии сè уште не е започната или започнала неодамна и бројот на лица кои повлекуваат средства е мал.

Изданието на Пензискиот пазар во Фокус 2023 е на следната врска:Пензискиот пазар во фокус 2023

Skip to content