Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Пензиските пазари во фокус – Прелиминарни податоци за 2025 година

Според најновите прелиминарни податоци на ОЕЦД, објавени во изданието „Пензиските пазари во фокус – Прелиминарни податоци за 2025 година“, пензиските средства на глобално ниво продолжија да бележат значителен раст и во текот на 2025 година.

Во земјите членки на ОЕЦД, вредноста на пензиските средства се зголеми за 11,7% и достигна 70,3 билиони УСД. Во земјите коишто не се членки на ОЕЦД, растот изнесуваше 23,7%, при што вредноста на пензиските средства достигна 2,0 билиони УСД.

Растот беше поттикнат од континуираните уплати на придонеси, како и од поволните движења на светските пазари на капитал. Високите приноси на акциите во текот на 2025 година позитивно влијаеја врз приносите на пензиските фондови, при што најголем дел од фондовите остварија позитивни номинални и реални инвестициски приноси.

Прелиминарните податоци на ОЕЦД уште еднаш ја потврдуваат важноста на долгорочниот инвестициски пристап и диверзификацијата на вложувањата како основни принципи за обезбедување стабилен раст на пензиските заштеди и зајакнувањето на финансиската сигурност на сегашните и идните пензионери.

Најновиот број на изданието “Пензиските пазари во фокус – Прелиминарни податоци за 2025 година” е на следната врска: PMF Preliminary 2025

Skip to content