Agency for Supervision
of Fully Funded Pension Insurance

Финансиска стабилност

Во 2020 година Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС се вклучи во заедничкото ангажирање со финансиските регулатори, предводено од НБРСМ, за навремено и ефикасно идентификување на системските ризици и преземање на активности заради спречување и намалување на нивното влијание врз финансискиот систем. Во август 2022 година, стапи во сила Законот за финансиска стабилност со што се воспостави институционалната рамка за поставеноста на макропрудентната политика во Република Северна Македонија, а во април 2023 година се усвои Стратегијата за спроведување на макропрудентната политика во Република Северна Македонија. Со законот, правно се институционализира Комитетот за финансиска стабилност и се доделија надлежности на регулаторите на финансискиот систем. При спроведувањето на макропрудентната политика, МАПАС учествува во работата на Комитетот за финансиска стабилност и во соодветните поткомитети.

Во мај 2024 година МАПАС ја донесе Стратегијата за спроведување на макропрудентната политика во капитално финансирано пензиско осигурување. Со макропрудентната стратегија се определуваат посредните цели на макропрудентната политика и се поврзуваат со основните показатели што се користат за идентификување и следење на системските ризици и соодветните макропрудентни инструменти, се дефинира циклусот на спроведување на макропрудентната политика и носењето на макропрудентните мерки, транспарентноста и начинот на комуникација на мерките со јавноста, како и соработката и координацијата на политиките.

МАПАС обезбедува транспарентност во спроведувањето на макропрудентната политика преку навремено и редовно информирање на јавноста за активностите на макропрудентната политика, како и информирање на институциите во финансискиот систем. МАПАС ќе ги следи системските ризици во капитално финансираното пензиско осигурување преку дефинираните показатели и истите редовно ќе ги објавува на својaта интернет страница.

Skip to content