МАПАС во текот на месец мај 2021 година, спроведе истражување за информираноста на членовите во задолжителните пензиски фондови преку телефонска анкета.
Вкупниот примерок, опфатен во оваа анкета го сочинуваа 1.100 испитаници, членови на задолжителни пензиски фондови, при што 47% од испитаниците се членови на Отворен задолжителен пензиски фонд Сава пензиски фонд, 50% од испитаници се членови на КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје и 3% од испитаниците се членови на Триглав отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје. Во примерокот, 96% од испитаниците се членови со склучен договор за членство додека 4% се распределени членови.
Третата група на прашања во анкетата го утврдува начинот на кој членовите на задолжителните пензиски фондови се информираат за вториот столб. Испитаниците одговараа на следното прашање:
“На кој начин Вие лично, се информирате за вториот пензиски столб?:
- Преку интернет, Facebook, Instagram, LinkedIn
- Телефонски се јавувам во МАПАС и пензиските друштва
- Преку агент или филијала на деловните соработници
- Преку реклама на ТВ, радио или билборди
- Флаери, брошури, дневен весник”
Приближно половина или 48,0% од вкупниот број на испитаници, за вториот столб се информираат преку агент или филијала на деловните соработници, додека 29,8%, се информираат преку интернет, Facebook, Instagram, LinkedIn. Другите начини на информирање ги користат помал број на испитаници.
Графички приказ на добиените резултати за начинот на кој членовите на задолжителните пензиски фондови се информираат за вториот столб:
Поврзани информации:
- МАПАС спроведе истражување за информираноста на членовите во задолжителните пензиски фондови во мај 2021 година
- Резултати од истражувањето за степенот на Лична информираност за членување во задолжителен пензиски фонд
- Резултати од истражувањето за нивото на Лична информираност и запознаеност со вториот пензиски столб