Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Соопштение за едукативен настан на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“– Скопје

Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување – МАПАС и трите пензиски друштва КБ Прво пензиско друштво, Сава пензиско друштво и Триглав пензиско друштво во колаборација со ФСС Економски и УСС УКИМ, во склоп на активностите за одбележување на Глобалната недела на парите 2024 година на тема „Заштити ги твоите пари, обезбеди ја твојата иднина” преку спознавање на финансискиот свет, вчера на 25.03.2024 година на Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје одржаа голем едукативен настан за подигање на свесноста на студентите за потребата од поголема финансиска едукација со посебен осврт на спознавањето на бенефитите и предностите од долгорочното инвестирање и пензиското штедење .

На настанот во соработка со Економскиот факултет од Скопје и проф. Елена Наумовска, студентите од катедрата за финансии го споделија своето знаење и пракса во пензиските друштва и регулаторот МАПАС, пренесувајќи јасна порака дека знаењето треба да се споделува и преку поголема вклученост на сите студенти и меѓусебна заедничка поддршка и координираност ќе бидат многу поинформирани и по едуцирани, а со самото тоа ќе бидат во можност да носат многу поквалитетни финансиски одлуки кои ќе им овозможат да ги намалат или избегнат финансиските ризици и да си обезбедат подобар животен стандард.

Главната цел на сите нас е да ја разбереме важноста и потребата од поголема финансиска писменост и да бидеме свесни дека одлуките кои ги носиме денеска имаат долгорочен ефект во иднината.

Skip to content