Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС е регулаторна и супервизорска институција која е основана со цел да се грижи за интересите на членовите и на пензионираните членови на пензиските фондови и да го поттикнува развојот на капитално финансираното пензиско осигурување.
МАПАС ја развива свеста на јавноста за целите и принципите на пензиските друштва и на задолжителните и доброволните пензиски фондови, за придобивките од членување во задолжителен и/или доброволен пензиски фонд, за правата на членовите и на пензионираните членови на задолжителните и доброволните пензиски фондови и за други прашања во врска со капитално финансираното пензиско осигурување.
За таа цел МАПАС, ја известува пошироката јавност дека воведува дополнителен дигитален начин на информирање за едноставен и брз пристап до членовите на пензиските фондови. МАПАС по добивање на согласност од членовите, на електронската пошта на членовите ќе доставува информации поврзани со правата и новостите во капитално финансираното пензиско осигурување.
Целта на дистрибуцијата на информации до членовите е да се подобри информираноста за пензискиот систем и за правата и обврските на членовите на вториот столб и да се подигне јавната свест.
Ви благодариме што ги користите нашите електронски услуги и што придонесувате за заштита на животната средина.