Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

СООПШТЕНИЕ за добивање на согласност од членовите за дистрибуирање на информации на електронска пошта

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС е регулаторна и супервизорска институција која е основана со цел да се грижи за интересите на членовите и на пензионираните членови на пензиските фондови и да го поттикнува развојот на капитално финансираното пензиско осигурување.

МАПАС ја раз­ви­ва све­ста на јав­но­ста за це­ли­те и прин­ци­пи­те на пензиските друштва­ и на задолжителните и доброволните пен­зи­ски­ фон­до­ви, за при­до­би­вки­те од чле­ну­ва­ње во задолжителен и/или доброволен пен­зи­ски фонд, за пра­ва­та на чле­но­ви­те и на пензионираните членови на задолжителните и доброволните пен­зи­ски фон­до­ви и за дру­ги пра­ша­ња во вр­ска со капитално финансираното пензиско осигурување.

За таа цел МАПАС, ја известува пошироката јавност дека воведува дополнителен дигитален начин на информирање за едноставен и брз пристап до членовите на пензиските фондови. МАПАС по добивање на согласност од членовите, на електронската пошта на членовите ќе доставува информации поврзани со правата и новостите во капитално финансираното пензиско осигурување.

Целта на дистрибуцијата на информации до членовите е да се подобри информираноста за пензискиот систем и за правата и обврските на членовите на вториот столб и да се подигне јавната свест.

Ви благодариме што ги користите нашите електронски услуги и што придонесувате за заштита на животната средина.

Skip to content