Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Соопштение за надградување на алатката за статистички податоци “МАПАС-СТАТ”

Во рамките на предвидените активности кон исполнување на стратегиската цел – Унапредување и одржување на стабилно и транспарентно капитално финансирано пензиско осигурување што ја има поддршката на членството и јавноста, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС ја надгради алатката за статистички податоци “МАПАС-СТАТ”.  

Надградбата на “МАПАС-СТАТ” опфаќа воведување на три нови менија коишто овозможуваат пристап до податоци за остварениот принос на пензиските фондови:

 

 

Овие менија им овозможуваат на заинтересираните лица самостојно филтрирање на податоците, интерактивна визуелизација и преземање на податоците за остварениот принос на пензиските фондови, за определен период и определен тип на пресметка.

Со растечката важност на капитално финансираното пензиско осигурување во вкупниот финансиски сектор, како и зголемувањето на бројот на субјекти под супервизија, “МАПАС-СТАТ” ќе продолжи да се унапредува со нови податоци, a МАПАС останува посветена на подобрување на квалитетот и пристапноста на податоците за капитално финансираното пензиско осигурување.

 

Skip to content