Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

СООПШТЕНИЕ за почеток на уплати во рамки на ВФП Отворен доброволен пензиски фонд – Скопје

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување ја информира пошироката јавност дека Друштвото за управување со доброволни пензиски фондови ВФП Пензиско друштво АД Скопје и избраната Банка-чувар на средствата во доброволниот пензиски фонд со кој управува Друштвото – Шпаркасе Банка АД Скопје, го договорија 18.10.2022 година, како датум за почеток на уплати во рамки на ВФП Отворен доброволен пензиски фонд – Скопје. Соработката помеѓу Шпаркасе Банка АД Скопје и ВФП Пензиско друштво АД Скопје е уредена и дефинирана во Договорот за вршење на работи на банка чувар на имот за доброволен пензиски фонд, склучен помеѓу овие две институции.

Skip to content