Agency for Supervision
of Fully Funded Pension Insurance

Соопштение за резултати од истражувањето

Резултати од истражувањето за ниво на разбирање на податоците од извештајот за пензиска заштеда

МАПАС во текот на месец мај 2021 година, спроведе истражување за информираноста на членовите во задолжителните пензиски фондови преку телефонска анкета.

Вкупниот примерок, опфатен во оваа анкета го сочинуваа 1.100 испитаници, членови на задолжителни пензиски фондови, при што 47% од испитаниците се членови на Отворен задолжителен пензиски фонд Сава пензиски фонд, 50% од испитаници се членови на КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје и 3% од испитаниците се членови на Триглав отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје. Во примерокот, 96% од испитаниците се членови со склучен договор за членство додека 4% се распределени членови.

Шестата група на прашања во анкетата го утврдува нивото на разбирање на податоците од извештајот за пензиска заштеда.

Прашањата  од оваа група, како и добиените резултати се следните:

  1. Дали го добивте извештајот за пензиска заштеда (во зелен плик или во електронска форма) за 2020 година?

31,3% од испитаниците извештајот го добиле во електронска форма, а 38,6% извештајот го добиле по пошта. Од испитаниците (30,1%) кои не го добиле извештајот, најголем дел (79%) не ја знаат причината поради која не го добиле извештајот.

Испитаниците кои го добиле извештајот за пензиска заштеда одговориле и на следните прашања:

  1. Дали знаете колку средства имате на вашата индивидуална сметка?

69,4% од испитаниците одговориле знаат колку средства имаат на индивидуалната сметка, а 30,5% одговориле дека не знаат.

 

  1. Дали друштвото наплатува надоместок од придонеси и надоместок за управувањето со средствата?

58,5% од испитаниците одговориле дека друштвото наплатува надоместок од придонеси и надоместок за управувањето со средствата, а 13,1% одговориле дека друштвото не наплатува надоместок од придонеси и надоместок за управувањето со средствата. 28,3% од испитаниците се изјасниле дека не знаат.

 

  1. Дали ја следите сметководствената единица на вашиот задолжителен пензиски фонд?

54,0% од испитаниците одговориле дека ја следат сметководствената единица на нивниот задолжителен пензиски фонд, а 44,0% одговориле дека не ја следат сметководствената единица. 2,1% од испитаниците се изјасниле дека не знаат.

 

  1. Дали следите колкав дел од средствата на вашиот задолжителен пензиски фонд се инвестирани во обврзници, акции, банкарски депозити, итн.?

42,9% од испитаниците одговориле дека средства се инвестираат во обврзници, акции, банкарски депозити, итн., а 53,1% одговориле дека не се инвестираат. 4,0% од испитаниците се изјасниле дека не знаат.

 

Вкупна оцена на нивото на разбирање на податоците од извештајот за пензиска заштеда изнесува 3,25 (на скала од 1 до 5) односно значаен дел од испитаниците кои го добиле извештајот за пензиска заштеда  или 22,4% воопшто не ги разбираат податоците од извештајот за пензиска заштеда.

 

Графички приказ на добиените резултати за нивото на разбирање на податоците од извештајот за пензиска заштеда:

Поврзани информации:

 

Skip to content