Информација од 7-та седница на Советот на експерти, одржана на 19.12.2023 година
Советот на експерти одржа седница на 19.12.2023 година и донесе:
- Годишен план на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за теренска контрола за 2024 година.
Советот на експерти усвои:
- Годишен извештај за изречените мерки за утврдена дисциплинска и материјална одговорност за 2023 година;
- Извештај со ранг листа на годишни оценки на административните службеници во Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за 2023 година и
- Извештај за реализација на Годишниот план за вработување на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за периодот јули – декември 2023 година.
Советот на експерти ги разгледа:
- Полугодишниот извештај за работата на Комисијата за одлучување по прекршок на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за периодот јули – декември 2023 година;
- Извештајот за степенот на имплементација на Планот за подобрување на капацитетите во Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за 2023 година и
- Кварталниот извештај реализација на Годишниот план за јавни набавки за периодот од 01.10.2023 година до 31.12.2023 година.
Советот на експерти даде одобрение на:
- Барањето од ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје за добивање на одобрение за назначување на Весна Матовска за оговорно лице за контрола на агенти;
- Барањето од ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје за добивање на одобрение за намалување на процентот на надоместок од придонеси, Барање за добивање на одобрение за измена на Статут на Триглав отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје и Барање за добивање на одобрение за измена на Статут на Триглав отворен доброволен пензиски фонд – Скопје;
- Барањето од Сава пензиско друштво а.д. Скопје зa добивање на одобрение за измена на договорите за вршење на работи на чувар на имот за задолжителен и доброволен пензиски фонд склучени помеѓу Сава пензиско друштво а.д. Скопје и НЛБ Банка АД Скопје;
- Барањето од Сава пензиско друштво а.д. Скопје зa добивање на одобрение за намалување на надоместокот од придонеси и одобрение за изменување на Статутот на Отворен задолжителен пензиски фонд Сава пензиски фонд;
- Барањето од КБ Прво пензиско друштво АД Скопје зa добивање на одобрение за намалување на процентот на надоместокот од уплатени придонеси во КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје и
- Барањето од КБ Прво пензиско друштво АД Скопје за добивање на одобрение за измена на Статутот на КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје;
Информација од 6-та седница на Советот на експерти, одржана на 28.11.2023 година
Советот на експерти одржа седница на 28.11.2023 година и донесе:
- Правилник за измена и дополнување на Правилникот за постапка за избор на домашни правни лица за вршење на услуги со хартии од вредност
Образложение:
Со Правилникот за измена и дополнување на Правилникот за постапка за избор на домашни правни лица за вршење на услуги со хартии од вредност, се менува постојниот член 7 и се додаваат два нови члена со кои се регулира постапката за издавање на согласност за избор на домашни правни лица за вршење на услуги со хартии од вредност. Се пропишува потребната документација која ја доставува пензиското друштво до Агенцијата, начинот на доставата на барањето и документацијата и рокот во кој Агенцијата треба да одлучи по барањето.
- Правилник за измена и дополнување на Правилникот за агенти на пензиски друштва
Образложение:
Со измената на Правилникот за агенти на пензиски друштва се додаваат одредби со кои се пропишува документацијата која пензиското друштво ја доставува до Агенцијата, како доказ за исполнување на условите за полагање на испитот за агент. Се одредува дополнителен рок од 15 дена, пред започнување на рокот од 45 дена во кој Агенцијата треба да го извести пензиското друштво за датумите за полагање на испитот за агенти. Исто така, со измената се брише и обврската за обнова на регистрацијата на агент на секои 12 месеци. Се менува називот на Уверението стекнување на својство на агент во Уверение за регистриран агент, во Обрасците 2 и 4. Сите овие измени се во насока на унапредување на постапката за полагање на испит за агент.
Советот на експерти даде согласност на:
- Стратешкиот план за извршување на внатрешна ревизија во Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за период од 2024 година до 2026 година и
- Годишниот план за извршување на внатрешна ревизија во Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за 2024 година.
Советот на експерти го разгледа:
- Конечниот извештај за извршена ревизија на вонтеренските активности во одделението за институционална контрола.
Информација од 5–та седница на Советот на експерти, одржана на 26.10.2023 година
Советот на експерти на седницата одржана на 26.10.2023 година донесе:
- Предлог Правилник за измена и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување и
- Измена на Годишен план на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за теренска контрола за 2023 година.
Советот на експерти даде одобрение/согласност на:
- Барањето од ВФП ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД СКОПЈЕ за одобрение за склучените договори со домашни правни лица за вршење услуги со хартии од вредност;
- Барањето од ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје за добивање на одобрение за назначување на Сунчица Нешовска за одговорно лице за управување со индивидуални сметки и
- Барањето од ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје за добивање на одобрение за назначување на Емилија Кузмановска за одговорно лице за маркетинг
Советот на експерти ги разгледа:
- Кварталниот финансиски извештај за периодот од 01.07.2023 година до 30.09.2023 година и
- Kварталниот извештај за реализација на Годишниот план за јавни набавки за периодот од 01.07.2023 година до 30.09.2023 година.
Информација од 4-та седница на Советот на експерти, одржана на 28.09.2023 година
Советот на експерти на седницата одржана на 28.09.2023 година донесе:
- Финансиски план на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за 2024 година;
- Одлука за висината на месечниот надомест што го наплатува Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување од пензиските друштва за 2024 година;
- Одлука за привремено располагање со средствата на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување до усвојување на финансискиот план на Агенцијата за 2024 година и
- Одлука за распределба и вложување на вишокот на приходи на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување.
Советот на експерти даде одобрение на:
- Барањето од ВФП ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД СКОПЈЕ за добивање на одобрение за склучување на нов договор со чувар на имот.
Информација од 3-та седница на Советот на експерти, одржана на 06.09.2023 година
Советот на експерти на електронската седница одржана на 06.09.2023 година даде согласност/одобрение на:
- Барањето од ВФП ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД СКОПЈЕ за добивање на согласност за стекнување акции од II (втора) емисија по пат на приватна понуда и
- Барањето од ВФП ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД СКОПЈЕ за добивање на одобрение за измена и/или дополнување на статутот на пензиското друштво.
Информација од 2-та седница на Советот на експерти, одржана на 30.08.2023 година.
Советот на експерти одржа седница на 30.08.2023 година и донесе:
- Годишен план за вработување на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за 2024 година.
Советот на експерти гo разгледа:
- Конечниот извештај за извршена ревизија на процесите за промена на податоци во ИТ системот и привилегиите за пристап во Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување.
Советот на експерти даде одобрение на:
- Барањето од ВФП ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД СКОПЈЕ за добивање на одобрение за именување на Светлана Маркова Тасевска за одговорно лице за маркетинг и контрола на агенти на Друштвото и
- Барањето од ВФП ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД СКОПЈЕ за добивање на одобрение за именување на Маја Јанчевска Сапунџиев за внатрешен ревизор на Друштвото.
Советот на експерти ја одржа првата конститутивна седница на 08.08.2023 година.
Информација
од 76-та седница на Советот на експерти, одржана на 20.07.2023 година
Советот на експерти одржа седница на 20.07.2023 година и донесе:
- Правилник за измена на Правилникот за начин и време на пренос на средства кај доброволните пензиски фондови.
Образложение:
Измената на Правилникот се врши по барање на пензиските друштва бидејќи, за Извештајот што треба да се доставува до МАПАС, проценката на средствата се врши на последниот ден во месецот. Со оваа измена Извештајот ќе треба да се достави во рок од два работни дена од последниот ден од месецот. Исто така се врши терминолошко усогласување на одредбата со називот на Извештајот за трансакции на сметка, од Техничкото упатство за доставување на годишна архива и извештаи од базите на податоци кои ги одржуваат пензиските друштва.
Советот на експерти ги разгледа:
- Полугодишниот извештај за реализација на финансискиот план на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2023 година за периодот од 01.01.2023 година до 30.06.2023 година;
- Кварталниот финансиски извештај за периодот од 01.04.2023 година до 30.06.2023 година;
- Kварталниот извештај за реализација на Годишниот план за јавни набавки за периодот од 01.04.2023 година до 30.06.2023 година и
- Извештајот од спроведена анализа на податоците за усогласеност на работењето на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување со стандардите за интегритет.
Советот на експерти даде одобрение на:
- Барањето од Сава пензиско друштво а.д. Скопје за добивање на одобрение за избор на Снежана Станковиќ, за член на Управен одбор на Друштвото;
- Барањето од Сава пензиско друштво а.д. Скопје за добивање на одобрение за изменување и дополнување на Статутот на Сава пензиски фонд и Статутот на Сава пензија плус и
- Барањето од КБ Прво пензиско друштво АД Скопје за добивање на одобрение за одобрување на Анекс бр.3 кон договор за вршење на работи на банка чувар на имот за задолжителен пензиски фонд и Анекс бр.3 кон договор за вршење на работи на банка чувар на имот за доброволен пензиски фонд.
Информација од 75-та седница на Советот на експерти, одржана на 13.07.2023 година
Советот на експерти одржа електронска седница на 13.07.2023 година и даде согласност на:
- Барањето од ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје за добивање на согласност за стекнување на нови акции од страна на акционерот ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје – Заваровалница Триглав д.д. Љубљана и Барање на согласност за измена на Статут на ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје.
Информација од 74-та седница на Советот на експерти, одржана на 15.06.2023 година
Советот на експерти одржа седница на 15.06.2023 година и го усвои:
- Извештајот за реализација на Годишниот план за вработување на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за периодот јануари – јуни 2023 година.
Советот на експерти го разгледа:
- Полугодишниот извештај за работата на Комисијата за одлучување по прекршок на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за периодот јануари – јуни 2023 година.
Советот на експерти даде одобрение/согласност на:
- Барањето од КБ Прво пензиско друштво АД Скопје за добивање на одобрение за избор на Иван Стојановиќ за член на Управниот одбор на Друштвото;
- Барањето од КБ Прво пензиско друштво АД Скопје за добивање на одобрение за избор на Елизабета Коцев за одговорно лице за индивидуални сметки;
- Барањето од Сава пензиско друштво а.д. Скопје за добивање на одобрение за избор на Татјана Бојковска за член на Управен одбор на Друштвото;
- Барањето од Сава пензиско друштво а.д. Скопје за добивање на одобрение за избор на Александар Миневски за лице одговорно за инвестиционите одлуки и
- Барањето од ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје за добивање на согласност на договорите склучени меѓу ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје и правните лица кои вршат услуги со хартии од вредност.
Информација од 73-та седница на Советот на експерти, одржана на 30.05.2023 година
Советот на експерти одржа седница на 30.05.2023 година и усвои:
- Извештај за состојбите во капитално финансираното пензиско осигурување во 2022 година;
- Годишен извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2022 година;
Советот на експерти ги разгледа:
- Конечниот извештај за извршена ревизија на процесите за подготовка на извештаи за состојбите во капитално финансираното пензиско осигурување и
- Финансиските извештаи за 2022 година со Извештај на независниот ревизор.
Советот на експерти даде одобрение/согласност на:
- Барањето од ВФП ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД СКОПЈЕ за добивање на одобрение за измена и/или дополнување на статутот на пензиското друштво;
- Барањето од ВФП ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД СКОПЈЕ за добивање на одобрение за измена и/или дополнување на статутот на пензискиот фонд и
- Барањето од КБ Прво пензиско друштво АД Скопје за добивање на согласност на договорите склучени за вршење работи на берзански посредник.
Информација од 72-та седница на Советот на експерти, одржана на 27.04.2023 година
Советот на експерти одржа седница на 27.04.2023 година и донесе:
- Правилник за надоместоци за задолжителните пензиски фондови;
- Правилник за пренос на средства меѓу задолжителни пензиски фондови и
- Правилник за начин и време на пренос на средства кај доброволните пензиски фондови.
Советот на експерти ги разгледа:
- Кварталниот финансиски извештај за период од 01.01.2023 година до 31.03.2023 година и
- Кварталниот извештај за реализација на Годишниот план за јавни набавки за периодот од 01.01.2023 година до 31.03.2023 година.
Советот на експерти даде одобрение/согласност на:
- Барањето од Сава пензиско друштво а.д. Скопје за добивање на одобрение за реизбор на Д-р Петар Талески за член на Управен одбор на Друштвото;
- Барањето од Сава пензиско друштво а.д. Скопје за добивање на одобрение за изменување и дополнување на Договорот за вршење работи на банка чувар на имот на доброволен пензиски фонд склучен помеѓу пензиското друштвото и НЛБ Банка АД Скопје и
- Барањето од Сава пензиско друштво а.д. Скопје за добивање на согласност за Договори за посредување при купопродажба на хартии од вредност.
Информација од 71-та седница на Советот на експерти, одржана на 29.03.2023 година
Советот на експерти одржа седница на 29.03.2023 година и донесе:
- Финансиски извештаи за 2022 година;
- Oдлука за промена на седиште на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување и
- Oдлука за измена и дополнување на Статутот на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување.
Информација
од 70-та седница на Советот на експерти, одржана на 27.02.2023 година
Советот на експерти одржа седница на 27.02.2023 година и донесе:
- Годишна програма за работа на Aгенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за 2023 година со Акциски план за спроведување на Годишната програма
- Правилник за методологијата за пресметка на сопствените средства на пензиско друштво
Образложение:
Поради големиот број измени и дополнувања во Правилник за методологијата за пресметка на сопствените средства на пензиско друштво се донесе нов правилник.
Со новиот правилник се прецизира начинот на доставата на Извештајот за сопствените средства на пензиското друштво даден во Прилог број 1, односно се пропишува негова достава по електронски пат.
Заради обезбедување на повеќе податоци за работењето на пензиските друштва, се проширува видот на информациите што пензиското друштво ги доставува до Агенцијата во рамките на Прилог број 1 од правилникот.
Се врши терминолошко усогласување на определени поими од правилникот со Законот за трговски друштва.
- Правилник за формата и содржината на финансиските извештаи на пензиско друштво
Образложение:
Поради големиот број измени и дополнувања во Правилникот за формата и содржината на финансиските извештаи на пензиско друштво се донесe нов правилник.
Со новиот правилник се прецизира начинот на доставата на основните финансиски извештаи и дополнителните извештаи за пензиското друштво, односно се пропишува нивна достава по електронски пат од кои финансиските извештаи се доставуваат во датотеки во ексел табела, а белешките кон финансиските извештаи од Прилог 1 од правилникот се доставуваат како ворд документ.
Заради обезбедување на повеќе податоци за работењето на пензиските друштва, се проширува видот на информациите што пензиското друштво ги доставува до Агенцијата во рамките на белешките кон финансиските извештаи од Прилог број 1 од правилникот.
- Правилник за сметковниот план, формата и содржината на основните финансиски извештаи и дополнителните извештаи за задолжителните и доброволните пензиски фондови
Образложение:
Поради големиот број измени и дополнувања во Правилникот за сметковниот план, формата и содржината на основните финансиски извештаи и дополнителните извештаи за задолжителните и доброволните пензиски фондови се донесe нов правилник.
Со новиот правилник се прецизира начинот на доставата на основните финансиски извештаи и дополнителните извештаи за задолжителните и доброволните пензиски фондови, односно се пропишува нивна достава по елетронски пат од кои финансиските извештаи од Прилог 2 и 3 на овој правилник се доставуваат во датотеки во ексел табела а белешките кон финансиските извештаи од Прилог 4 од правилникот се доставуваат како ворд документ.
Заради обезбедување на повеќе податоци за работењето на пензиските фондови, се проширува видот на информациите што пензиското друштво ги доставува до Агенцијата во рамките на Прилог број 2, Прилог број 3 и Прилог број 4 од правилникот.
- Правилник за измена и дополнување на Правилникот за потврдата со мислење на овластениот актуар
Образложение:
Со измената на Правилникот за потврдата со мислење на овластениот актуар се прецизира начинот на доставата на Статистичките податоци од потврдата на овластениот актуар на пензиското друштво, односно се пропишува нивна достава по електронски пат.
Заради обезбедување на повеќе податоци за работењето на пензиските фондови, се проширува видот на информациите што овластениот актуар ги доставува до Агенцијата во рамките на Образец број 1 од правилникот.
Советот на експерти ги разгледа:
- Полугодишниот извештај за реализација на финансискиот план на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2022 година за период од 30.06.2022 до 31.12.2022 година и
- Конечниот извештај за извршена ревизија на активностите поврзани со следење и измена на прописи и интерни документи на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување.
Информација од 69-та седница на Советот на експерти, одржана на 17.02.2023 година
Советот на експерти одржа седница на 17.02.2023 година и одлучи да не се одобрува:
- Барањето од КБ Прво пензиско друштво АД Скопје за добивање на одобрение за избор на Мартин Теов за член на Управниот одбор на Друштвото.
Информација од 68-та седница на Советот на експерти, одржана на 30.01.2023 година
Советот на експерти одржа седница на 30.01.2023 година и донесе:
- Годишен план за јавни набавки во 2023 година на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување.
Советот на експерти даде одобрение на:
- Барањето од ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје за добивање на одобрение за реизбор на Маријан Николовски за член на Управниот одбор на Друштвото.
Советот на експерти ги разгледа:
- Кварталниот финансиски извештај за периодот од 01.10.2022 година до 31.12.2022 година;
- Известувањето за активностите на Комитетот за оценка на ризици во 2022 година.