Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Седници на Совет на експерти 2023

Информација

од 70-та седница на Советот на експерти, одржана на 27.02.2023 година

Советот на експерти одржа седница на 27.02.2023 година и донесе:

  • Годишна програма за работа на Aгенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за 2023 година со Акциски план за спроведување на Годишната програма 
  • Правилник за методологијата за пресметка на сопствените средства на пензиско друштво

Образложение:

Поради големиот број измени и дополнувања во Правилник за методологијата за пресметка на сопствените средства на пензиско друштво се донесе нов правилник.

Со новиот правилник се прецизира начинот на доставата на Извештајот за сопствените средства на пензиското друштво даден во Прилог број 1, односно се пропишува негова достава по електронски пат.

Заради обезбедување на повеќе податоци за работењето на пензиските друштва, се проширува видот на информациите што пензиското друштво ги доставува до Агенцијата во рамките на Прилог број 1 од правилникот.

Се врши терминолошко усогласување на определени поими од правилникот со Законот за трговски друштва.

  • Правилник за формата и содржината на финансиските извештаи на пензиско друштво

Образложение:

Поради големиот број измени и дополнувања во Правилникот за формата и содржината на финансиските извештаи на пензиско друштво се донесe нов правилник.

Со новиот правилник се прецизира начинот на доставата на основните финансиски извештаи и дополнителните извештаи за пензиското друштво, односно се пропишува нивна достава по електронски пат од кои финансиските извештаи се доставуваат во датотеки во ексел табела, а белешките кон финансиските извештаи од Прилог 1 од правилникот се доставуваат како ворд документ.

Заради обезбедување на повеќе податоци за работењето на пензиските друштва, се проширува видот на информациите што пензиското друштво ги доставува до Агенцијата во рамките на белешките кон финансиските извештаи од Прилог број 1 од правилникот.

  • Правилник за сметковниот план, формата и содржината на основните финансиски извештаи и дополнителните извештаи за задолжителните и доброволните пензиски фондови

Образложение:

Поради големиот број измени и дополнувања во Правилникот за сметковниот план, формата и содржината на основните финансиски извештаи и дополнителните извештаи за задолжителните и доброволните пензиски фондови се донесe нов правилник.

Со новиот правилник се прецизира начинот на доставата на основните финансиски извештаи и дополнителните извештаи за задолжителните и доброволните пензиски фондови, односно се пропишува нивна достава по елетронски пат од кои финансиските извештаи од Прилог 2 и 3 на овој правилник се доставуваат во датотеки во ексел табела а белешките кон финансиските извештаи од Прилог 4 од правилникот се доставуваат како ворд документ.

Заради обезбедување на повеќе податоци за работењето на пензиските фондови, се проширува видот на информациите што пензиското друштво ги доставува до Агенцијата во рамките на Прилог број 2, Прилог број 3 и Прилог број 4 од правилникот.

  • Правилник за измена и дополнување на Правилникот за потврдата со мислење на овластениот актуар

Образложение:

Со измената на Правилникот за потврдата со мислење на овластениот актуар се прецизира начинот на доставата на Статистичките податоци од потврдата на овластениот актуар на пензиското друштво, односно се пропишува нивна достава по електронски пат.

Заради обезбедување на повеќе податоци за работењето на пензиските фондови, се проширува видот на информациите што овластениот актуар ги доставува до Агенцијата во рамките на Образец број 1 од правилникот.

Советот на експерти ги разгледа:

  1. Полугодишниот извештај за реализација на финансискиот план на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2022 година за период од 30.06.2022 до 31.12.2022 година и
  2. Конечниот извештај за извршена ревизија на активностите поврзани со следење и измена на прописи и интерни документи на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување.

Информација од 68-та седница на Советот на експерти, одржана на 30.01.2023 година

Советот на експерти одржа седница на 30.01.2023 година и донесе:

  1. Годишен план за јавни набавки во 2023 година на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување.

Советот на експерти даде одобрение на:

  1. Барањето од ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје за добивање на одобрение за реизбор на Маријан Николовски за член на Управниот одбор на Друштвото.

Советот на експерти ги разгледа:

  1. Кварталниот финансиски извештај за периодот од 01.10.2022 година до 31.12.2022 година;
  2. Известувањето за активностите на Комитетот за оценка на ризици во 2022 година.

Информација од 69-та седница на Советот на експерти, одржана на 17.02.2023 година

 

Советот на експерти одржа седница на 17.02.2023 година и одлучи да не се одобрува:

 

  1. Барањето од КБ Прво пензиско друштво АД Скопје за добивање на одобрение за избор на Мартин Теов за член на Управниот одбор на Друштвото.
Skip to content