Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Седници на Совет на експерти 2022

Советот на експерти одржа седница на 30.08.2022 година и донесе:

  1. Годишен план за вработување на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за 2023 година.

Советот на експерти даде одобрение/согласност на:

  1. Барањето од ВФП ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД СКОПЈЕ за добивање на одобрение за именување на Ивана Ташковска за одговорно лице за управување со средства и инвестициони одлуки и за именување на Маја Јанчевска за одговорно лице за маркетинг и
  2. Барањето од ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје за добивање на согласност за стекнување на нови акции од страна на акционерот на ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје – Заваровалница Триглав д.д. Љубљана и Барање на согласност за измена на Статут на ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје

 

Советот на експерти го разгледа:

  1. Конечниот извештај за извршена ревизија на постапките за теренска контрола согласно прописи и интерни документи на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување.

Советот на експерти одржа седница на 27.07.2022 година и донесе:

  1. Правилник за правилата и минималните стандарди за таблиците на смртност;
  2. Правилник за правилата и минималните стандарди за определување на каматни стапки;
  3. Решение за полноважност на условното одобрение број 04-02 за управување со доброволен пензиски фонд издадено на Друштво за управување со отворени и затворени инвестициски фондови ВФП ФОНД МЕНАЏМЕНТ АД СКОПЈЕ;
  4. Одлука за утврдување на датумот за отпочнување со актив­но­сти на упра­ву­ва­ње со пен­зи­ски фонд, мар­ке­тинг и ис­пи­ту­ва­ње на јав­ното мис­ле­ње и
  5. Стратешки план за управување со човечките ресурси на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за периодот од 2023 година до 2027 година.

Советот на експерти ги разгледа:

  1. Полугодишниот извештај за реализација на финансискиот план на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2022 година за периодот од 01.01.2022 година до 30.06.2022 година;
  2. Кварталниот финансиски извештај за периодот од 01.04.2022 година до 30.06.2022 година и
  3. Kварталниот извештај за реализација на Годишниот план за јавни набавки за периодот од 01.04.2022 година до 30.06.2022 година.

Советот на експерти одржа седница на 22.06.2022 година и усвои:

  1. Извештај за реализација на Годишниот план за вработување на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за периодот јануари – јуни 2022 година.

Советот на експерти даде одобрение на:

  1. Барање од ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје за добивање на согласност за договорите склучени меѓу ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје и правните лица кои вршат услуги со хартии од вредност.

Советот на експерти гo разгледа:

  1. Полугодишниот извештај за работата на Комисијата за одлучување по прекршок на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за периодот јануари – јуни 2022 година.

Советот на експерти одржа седница на 31.05.2022 година и усвои:

  1. Извештај за состојбите во капитално финансираното пензиско осигурување во 2021 година и
  2. Годишен извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2021 година.

 

Советот на експерти ги разгледа:

  1. Финансиските извештаи за 2021 година со Извештај на независниот ревизор и
  2. Конечниот извештај за извршена ревизија на имплементација на препораките од конечните извештаи на внатрешна ревизија.

 

Советот на експерти даде одобрение на:

  1. Барањето од ДУИФ ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје за добивање на дозвола за основање на друштво за управување со доброволни пензиски фондови и одобрение за управување со доброволен пензиски фонд;
  2. Барањето од Сава пензиско друштво а.д. Скопје за добивање на одобрение за реизборот на Павел Гојкович за член на Надзорен одбор на Друштвото;
  3. Барањето од Сава пензиско друштво а.д. Скопје за добивање на одобрение за реизборот на Петер Скварча за член на Надзорен одбор на Друштвото;
  4. Барањето од Сава пензиско друштво а.д. Скопје за добивање на одобрение за реизборот на Мојца Горњак за член на Надзорен одбор на Друштвото;
  5. Барањето од Сава пензиско друштво а.д. Скопје за добивање на одобрение за избор на Ерол Хасан за независен член на Надзорен одбор на Друштвото;
  6. Барањето од КБ Прво пензиско друштво АД Скопје за добивање на одобрение за реизборот на Аленка Жнидаршич Крањц, Јанез Крањц и Анита Бислимовска за членови на Надзорниот одбор на Друштвото;
  7. Барањето од КБ Прво пензиско друштво АД Скопје за добивање на одобрение за избор на Душица Стевчевска – Србиноска за независен член на Надзорен одбор на Друштвото и
  8. Барањето од КБ Прво пензиско друштво АД Скопје за добивање на согласност на договорите склучени за вршење работи на берзански посредник.

Советот на експерти одржа седница на 28.04.2022 година и даде одобрение на:

  1. Барањето од Сава пензиско друштво а.д. Скопје за добивање на одобрение за избор на Марија Ѓорѓиевска за член на Управен одбор на Сава пензиско друштво а.д Скопје и
  2. Барањето од Сава пензиско друштво а.д. Скопје за добивање на согласност за Договори за посредување при купопродажба на хартии од вредност.

 

Советот на експерти ги разгледа:

  1. Кварталниот финансиски извештај за период од 01.01.2022 година до 31.03.2022 година и
  2. Кварталниот извештај за реализација на Годишниот план за јавни набавки за периодот од 01.01.2022 година до 31.03.2022 година.

I am text block. Click edit button to change this text. Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit. Ut elit tellus, luctus nec ullamcorper mattis, pulvinar dapibus leo.

Советот на експерти одржа седница на 29.03.2022 година и донесе:

  1. Финансиски извештаи за 2021 година

Советот на експерти даде одобрение на:

  1. Барањето од ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје за добивање на одобрение за измена на Статутот на Триглав отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје;
  2. Барањето од ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје за добивање на одобрение за измена на Статутот на Триглав отворен доброволен пензиски фонд – Скопје;
  3. Барањето од ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје за добивање на одобрение за назначување на Тамара Илоска за одговорно лице за внатрешна ревизија;
  4. Барањето од КБ Прво пензиско друштво АД Скопје за добивање на одобрение за назначување на Сузана Бошковска Златаревска за oдговорно лице за маркетинг и контрола на агенти.

Советот на експерти одржа седница на 28.02.2022 година и донесе:

  1. Годишна програма за работа на Aгенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за 2022 година со Акциски план за спроведување на Годишната програма и
  2. Измена на Годишен план на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за теренска контрола за 2022 година.

Советот на експерти одржа седница на 27.01.2022 година и донесе:

  • Правилник за измена и дополнување на Правилникот за начинот на уплата на придонеси во доброволен пензиски фонд

Образложение:

Во членот 8 и 12 од овој правилник се уредува кој може да врши уплата на доброволен придонес во име и за сметка на член кој има доброволна индивидуална сметка или професионална сметка во доброволен пензиски фонд, а тоа може членот и/или уплаќачот и осигурителот. Исто така се уредува дека уплатата се врши од трансакциската сметка на членот и/или уплаќачот или осигурителот. Со предложената измена се дава можност уплата на  доброволен придонес да се врши и преку трансакција поврзана со трансакциската сметка на членот, уплаќачот или осигурителот со што се зголемуваат можностите за уплати на доброволен придонес во третиот пензиски столб.

Советот на експерти даде одобрение на:

  • Барањето од КБ Прво пензиско друштво АД Скопје за добивање на одобрување на Анекс бр.2 кон договор за вршење на работи на банка чувар на имот за задолжителен пензиски фонд и Анекс бр.2 кон договор за вршење на работи на банка чувар на имот за доброволен пензиски фонд и
  • Барањето од Сава пензиско друштво а.д. Скопје за добивање на одобрение за именување на Александар Милевски за лице одговорно за управување со ризици на пензиските фондови на определено време.

Советот на експерти одржа електронска седница на 14.01.2022 година и донесе: 

  1. Годишен план за јавни набавки во 2022 година на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување
Skip to content