Во рамките на активностите за унапредување на општествената одговорност, вработените во Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигирување – МАПАС учествуваа на трка организирана од Зегин.
Оваа трка, се реализираше на 9 јуни под називот: “Зегин Спектратон или Трка на херои во сите бои”. Средствата од секоја котизација ќе се донираат од фондацијата “Др. Верица Механџиска” во Здружението “Во мојот свет”, со цел побрзо да се изгради првиот дневен центар во регионот за адолесценти и млади со аутистичен спектар и атипичен развој.