Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Објавен е Кварталниот статистички извештај бр.73

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС го објави Кварталниот статистички извештај за првиот квартал во 2024 година.

Согласно извештајот заклучно со првиот квартал во 2024 година:

  • Вкупниот број на членови во задолжителните пензиски фондови изнесува 597.510.
  • Вкупниот број на членови во доброволните пензиски фондови изнесува 962.
  • Нето средствата на задолжителните пензиски фондови изнесуваат 143,39 милијарди денари.
  • Нето средствата на доброволните пензиски фондови изнесуваат 3,78 милијарди денари.
  • Вкупните уплатени придонеси во задолжителните пензиски фондови во првиот квартал од 2024 година изнесуваат 3,55 милијарди денари.
  • Вкупните уплатени придонеси во доброволните пензиски фондови во првиот квартал од 2024 година изнесуваат 93,43 милиони денари.

Кварталниот статистички извештај бр.73, 31.03.2024 е на следниот линк:

https://mapas.mk/wp-content/uploads/2024/04/kvartalen-statistichki-izvestaj-73_31032024_web.pdf

Skip to content