Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

МАПАС-СТАТ Унапредување на пристапот до статистичките податоци од капитално финансираното пензиско осигурување

Во рамките на предвидените активности кон исполнување на стратегиската цел – Унапредување и одржување на стабилно и транспарентно капитално финансирано пензиско осигурување што ја има поддршката на членството и јавноста, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2022 година започна со активности за унапредување и дигитализирање на објавата и пристапот до податоците од капитално финансираното пензиско осигурување.

Од јуни 2023 година, статистичките податоци за капитално финансираното пензиско осигурување се достапни на јавноста и преку новата алатка за статистички податоци “МАПАС-СТАТ” којашто е поставена на интернет страницата на МАПАС. Оваа современа интерактивна алатка е овозможена преку Business Intelegence Tool – Metabase.

“МАПАС-СТАТ” oбезбедува современ и едноставен пристап до податоците, можност за самостојно филтрирање на податоците, изготвување на временски серии, интерактивна визуелизација и преземање на податоците. Исто така со “МАПАС-СТАТ” се обезбедува зголемен обем и фрекфенцијата на објава на релевантните статистички податоци за учесниците, сите заинтересирани страни и пошироката јавност.

“МАПАС-СТАТ” содржи девет менија коишто овозможуваат пристап до податоци за:

Исто така, од јуни 2023 година и објавата на пондерот за времена распределба на осигурениците во задолжителни пензиски фондови ќе се врши преку Metabase. На овој начин се овозможува современ и едноставен пристап до податоците за пондерот, можност за самостојно филтрирање на податоците, изготвување на временски серии,  интерактивна визуелизација и преземање на податоците.

Преку оваа нова алатка, којашто во иднина ќе се надоградува со нови податоци, МАПАС ќе продолжи навремено и редовно да објавува детални податоци за капитално финасираното пензиско осигурување истовремено обезбедувајќи транспарентност на капитално финансираното пензиско осигурување.

Со оглед на зголемената важност на капитално финансираното пензиско осигурување во вкупниот финансиски сектор, како и зголемувањето на бројот на субјекти врз кои МАПАС врши супервизија, МАПАС ќе продолжи да ги унапредува информациите што ги објавува како преку квалитативно и квантитативно унапредување на податоците така и преку овозможување на поедноставен пристап до овие податоци.

Skip to content