Пензиско друштво е акционерско друштво што се основа и работи во согласност со Законот за трговски друштва и Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, или со Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување. Пензиско друштво се основа врз основа на дозвола од МАПАС и управува со пензиски фонд врз основа на одобрение за управување со пензиски фонд. Во пензискиот систем има можност за основање три вида друштва:
- Друштво за управување со задолжителни пензиски фондови,
- Друштво за управување со доброволни пензиски фондови,
- Друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови
Во Република Северна Македонија постојат три Друштва за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови, и едно друштво за управување со доброволни пензиски фондови.
Задолжителен пензиски фонд
Отворен задолжителен пензиски фонд Сава пензиски фонд
Доброволен пензиски фонд
Отворен доброволен пензиски фонд Сава пензија плус
Акционери
Позаваровалница Сава д.д
КБ ПРВО ДРУШТВО ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЗАДОЛЖИТЕЛНИ И ДОБРОВОЛНИ ПЕНЗИСКИ ФОНДОВИ АД СКОПЈЕ
Задолжителен пензиски фонд
КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје
Доброволен пензиски фонд
КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд – Скопје
Акционери
Комерцијална банка, АД, Скопје, Република Македонија
Skupina Prva zavarovalniski holding d.d. Ljubljana
Задолжителен пензиски фонд
Триглав отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје
Доброволен пензиски фонд
Триглав отворен доброволен пензиски фонд – Скопје
Акционери
Заваровалница Триглав ДД Љубљана
Друштво за управување со доброволни пензиски фондови ВФП ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД СКОПЈЕ
Доброволен пензиски фонд
ВФП отворен доброволен пензиски фонд – Скопје
Акционери
Друштво за управување со отворени и затворени инвестициски фондови ВФП ФОНД МЕНАЏМЕНТ АД СКОПЈЕ