Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

ИПА проект

Проект „Поддршка на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување“

Со средства обезбедени преку ИПА фондовите, како дел од компонентата ТАИБ 2008, во тек е спроведување на проектот „Поддршка на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување“.

Целта на проектот е да се обезбеди техничка помош за Агенцијата преку која ќе се зајакнат супервизорските капацитети на Агенцијата, ќе се воспостави стратешко и деловно планирање, ќе се дефинираат и документираат деловните процеси и ќе се овозможи развој на ИТ и истражувачките капацитети на Агенцијата. Со проектот се планира и воведување на стандардот ISO 9001.

Трите клучни компоненти на проектот се:

  •  Воведување на супервизија базирана на контрола на ризикот
  •  Стратешко и деловно планирање со дефинирање на деловни процеси
  •  Подобрување на знаењето и безбедноста

Изведувач на проектот е BNB-Consortium од Р. Турција, во кој влегуваат: BNB Consulting (како носител на конзорциумот), Emeklilik Gözetim Merkezi и Hacettepe University.

Овој проект не само што дава значајна можност за зајакнување на капацитетите на МАПАС за вршење поуспешна и поефикасна супервизија на пензискиот систем, туку воедно помага да се поттикне поуспешен развој на системот и поголема сигурност на пензиските надоместоци.
Посебна цел на проектот е обезбедување на техничка помош на Агенцијата, во насока на зајакнување на нејзините супервизорски активности и воспоставување на процедури и стандарди за континуиран и стабилен развој на МАПАС.
Ние во МАПАС сме многу свесни за значењето на овој проект и активно учествувавме во сите компоненти на проектот, распределувајќи човечки и материјални ресурси за секоја од активностите на проектот со цел негово успешно спроведување.
Нашите очекувања се дека по успешното заокружување на целиот проект, МАПАС ќе биде институционално зајакната, со кадар кој ќе биде технички подобро подготвен и обучен, со воведена супервизија заснована на оценка на ризик, со развиени документи за стратешко и деловно планирање, со документирани деловни процеси и воспоставени стандарди на квалитет. Сето ова ќе ни помогне полесно да ја оствариме нашата мисија за обезбедување посигурни пензионерски денови за членовите на пензиските фондови.

На 24 ноември 2011 година во Информативниот центар на Делегацијата на Европска Унија се одржа Информативна конференција за јавноста на која беа поканети блиски соработници на Агенцијата и медиуми со цел промовирање на проектот „Поддршка на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување

Skip to content