Управниот одбор на Агенцијата на седницата одржана на 25.12.2007 година донесе Заклучок за следење на принципите за супервизија на Меѓународната организација на пензиски супервизори (IOPS). Агенцијата, како основа и политика во рамките на вршењето на супервизијата на пензиските друштва и пензиските фондови, се определува да ги следи Принципите за супервизија на Меѓународната организација на пензиски супервизори.
Принципите за супервизија на IOPS беа одобрени на Годишното генерално собрание одржано во Истанбул во 2006 година. Исто така, беше развиена методологија за самооценување на примената на принципите од страна на супервизорите. Принципите беа ревидирани во 2010 година. Овие принципи покриваат теми како цели, независност, соодветност на ресурси и овластувања, ориентирање кон ризик, пропорционалност и конзистентност, консултации и соработка, доверливост, транспарентност и управување.
Степенот на примена на принципите за супервизија на Меѓународната организација на пензиски супервизори (IOPS) ќе зависи од соодветното ниво на развој на капитално финансираното пензиско осигурување и од статусот на поставеност на Агенцијата. Агенцијата континуирано ќе развива и други принципи соодветни на спецификите на пензискиот систем на Република Северна Македонија кои ќе ги применува заедно со принципите за супервизија на Меѓународната организација на пензиски супервизори (IOPS).