Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Совет на експерти на МАПАС

Претседател на Советот на експерти

Максуд Али

maksud.ali@mapas.mk

Членови на Советот на Експерти / Професионално ангажирани членови:

Ментор Јакупи

mentor.jakupi@mapas.mk

Дарко Саздов

darko.sazdov@mapas.mk

Членови на Советот на Експерти / Надворешни членови:

Борче Божиноски

borce.bozinoski@mapas.mk

Марина Макенаџиева

marina.makenadzieva@mapas.mk

Претседателот на Советот на експерти ги врши следните работи:

  • Раководи со МАПАС, го претставува и застапува во односи со трети лица;
  • Донесува решение за видот и обемот на контрола на субјектите под супервизија, согласно годишниот план за спроведување на контрола, донесена од страна на Советот на експерти на МАПАС;
  • Поднесува пријава или овластува лице да поднесе пријава за поведување постапка пред надлежен орган за дела кои се казниви со закон;
  • и врши други работи кои му се доверени со закон, Статутот на МАПАС и други акти на МАПАС.

Советот на експерти на МАПАС ги врши следните работи поврзани со оперативноста на МАПАС:

  • Донесува статут на МАПАС;
  • Донесува финансиски план и финансиски извештаи;
  • Донесува годишна програма за работата на МАПАС;
  • Усвојува годишен извештај за работата на Агенцијата и годишен извештај за состојбите во капитално финансирано пензиско осигурување;
  • Издава, повлекува и одзема дозволи за основање на пензиските друштва, издава дозволи за вршење дејност – управување со доброволни пензиски фондови, дозволи за вршење дејност – управување со задолжителни пензиски фондови и издава, повлекува или укинува одобренија за управување со задолжителни и/или доброволни пензиски фондови;
  • Дава одобренија и согласности по барање од пензиските друштва врз основа на закон;
  • Донесува акти за спроведување на овој закон и другите закони во негова надлежност;
  • Организира и обезбедува законско извршување на активностите од делокругот на МАПАС;
  • Врши други работи утврдени со закон и Статутот на МАПАС.
Skip to content