Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Соработка

Заради обезбедување на ефикасна супервизија и регулатива на задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) и на финансискиот сектор, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување соработува со Министерството за финансии, Народната банка, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на осигурување и со други органи и институции во земјата и во странство. Обемот, содржината и формата на соработка подетално меѓусебно ги уредува Агенцијата со надлежните органи и институции.

  • Меморандум за соработка на финансиските регулатори за создавање услови за поддршка на развојот на иновациите во финансискиот систем во Република Северна Македонија – потпишан во март 2022 година
  • Меморандум за соработка со Народна банка на Република Северна Македонија – потпишан во јануари 2022 година
  • Договор за меѓусебно регулирање на правата и обврските со Народна банка на Република Северна Македонија, во врска со плаќањето на годишната чланарина во Меѓународната мрежа за финансиска едукација при Организацијата за економска соработка и развој (ИНФЕ-ОЕЦД) – потпишан во февруари 2021 година, февруари 2022 година и март 2023 година
  • Меморандум за соработка на финансиските регулатори заради одржување на финансиската стабилност – потпишан во април 2020 година – вон сила
  • Меморандум за соработка на финансиските регулатори во доменот на финансиската едукација и финансиската инклузија – потпишан во март 2019 година
  • Меморандум за соработка со Државниот завод за статистика во врска со податоци од областа на Европскиот систем за статистика на интегрирана социјална заштита (ЕССПРОС) – потпишан во март 2014
  • Меморандум за соработка со Агенцијата за супервизија на осигурување (ACO) – потпишан во декември 2010 година
  • Меморандум за соработка со Управата за спречување на перење пари и финансирање тероризам– потпишан во јануари 2009 година
  • Договор за соработка со Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија – потпишан во декември 2007 година
  • Договор за соработка со Министерството за внатрешни работи – потпишан во март 2007 година
  • Договор за соработка со Народна банка на Република Северна Македонија – потпишан во февруари 2007 година – вон сила
  • Меморандум за соработка со Македонска берза АД Скопје – потпишан во март 2006 година;
  • Меморандум за соработка со Централниот депозитар за хартии од вредност – потпишан во март 2006 година
  • Меморандум за соработка со Комисијата за хартии од вредност – потпишан во јануари 2006 година
  • Меморандум за соработка со интерактивна мрежа за образование и ресурси-ИМОР -потпишан во декември 2021 година
  • Меморандум за соработка со институт за истражување и анализа на политики „Ромалитико“ – потпишан во декември 2021 година
  • Меморандум за соработка со Комисијата за финансиска супервизија од Република Бугарија – потпишан во април 2004 година
  • Меморандум за соработка со Агенцијата за супервизија на пензиските фондови и осигурувањето од Република Хрватска – потпишан во ноември 2005 година
  • Меморандум за соработка со Агенцијата за супервизија на осигурувањето од Република Словенија – потпишан во септември 2007 година
  • Меморандум за соработка со Агенцијата за супервизија на осигурувањето од Република Полска – потпишан воаприл 2008 година.
  • Меморандум за соработка со Центарот за пензиски мониторинг од Република Турција – потпишан во октомври 2009 година.
  • Меморандум за соработка со Комисијата за супервизија на приватниот пензиски систем во Република Романија – потпишан во септември 2012 година
  • Меморандум за соработка со Централна банка на Република Косово (БЌК) – супервизија на финансиски институции од Република Косово –потпишан во ноември 2012 година
  • Меморандум за соработка со Телото за финансиска супервизија (АМФ) од Република Албанија во јануари 2013 година
  • Меморандум за соработка со Телото за регулатива и супервизија на осигурувањето и пензиското осигурување (ИПРСА) од Република Турција, потпишан во март 2023 година

Од март 2007 година, МАПАС е полноправна членка на IOPS – Меѓународна организација на пензиски супервизори. Основната цел на IOPS е да се подобри квалитетот и ефективноста на супервизијата во приватните пензиски системи низ светот, со што ќе се зајакне нивниот развој и оперативна ефикасност и ќе се овозможи обезбедување на сигурен извор на приходи по пензионирање во што е можно повеќе земји.

Меѓународната организација на супервизори на пензиски фондови има околу 90 земји – членки и набљудувачи од целиот свет кои ги опфаќаат сите нивоа на економски развој и кои ги соединуваат сите типови на пензиски системи на супервизија,

Покрај наведените институции МАПАС соработува и со други институции од земјата и странство со цел заштита на интересите на членовите на пензиските фондови и е во фаза на потпишување на договори за соработка со уште неколку институции. По потпишувањето на овие договори за соработка листата ќе биде ажурирана.

Линкови до институции

Skip to content