Agjencia për mbikëqyrje të
financimit kapital të sigurimit pensional

Seancat e Këshillit të ekpsertëve 2013

Советот на експерти одржа седница на 26.12.2013 година.

1. Советот на експерти на седницата одржана на 17.12.2013 година ги донесе следните акти:

2. Годишен финансиски план за 2014 година на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување

Годишната програма за работа на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за 2014 година

3.Правилник за известување на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување од страна на чуварот на имот

Со овој правилник се врши усогласување со последните измени во Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување и Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување, поврзани со воведувањето на супервизија врз основа на оценка на ризици. Бидејќи се изменети членовите од двата закона кои се основ за донесување на овој правилник, се донесува нов правилник.
Најголемиот дел од измените во овој правилник произлегуваат заради префрлање на оперативните обврски околу проценка на средствата на пензиски фонд од Агенцијата на чуварот на имот. Заради тие активности се зајакнува потребата од достава на извештаи од чуварот на имот кои треба да бидат основа за контролните функции на Агенцијата. Со тоа Агенцијата ја зајакнува својата улога како регулатор и супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување

16.12.2013

Советот на експерти на седницата одржана на 27.11.2013 година ги донесе следните правилници

Правилник за начинот на известување на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување

Со овој правилник се прават измени и дополнувања на постојниот Правилник за начинот на известување на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување од страна на пензиско друштво. Поради измена на членот од Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување и членот од Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување кои се основ за донесување на овој правилник, се донесува нов правилник.

Со оваа измена дополнително се бара друштвото еднаш годишно да доставува до Агенцијата документ за начинот на примена на инвестиционата стратегија и извршени се други номотехнички подобрувања на текстот на правилникот.

Правилник за начинот и постапката за избор на член на управен и надзорен одбор на пензиско друштво

Со овој правилник се прават измени и дополнувања на постојниот Правилник за начинот и постапката за давање на одобренија членови на УО и НО на друштвата и бидејќи истите се прават во повеќе од половина одредби од правилникот се донесува нов правилник. Како и претходната група на правилници, пред се, измените произлегуваат од донесување на Законот за исплата на пензии и пензиски надоместоци од капитално финансирано пензиско осигурување и измените во законите поврзани со воведувањето на супервизија заснована на оценка на ризици.

Поради тоа, во делот за одобренија за избор на член на управен и надзорен  одбор, заради спречување на судир на интереси, се бараат податоци за правното лице од регистар за правни лица во кое предложениот член е управител, член на орган на управување или надзор.

Исто така заради добивање на одобрение на реизбор на член на управен одбор, дополнително се бара пензиското друштво да достави извештај на Надзорниот одбор, за оценка на работењето на членот на управниот одбор на пензиското друштво кој е предмет на одобрение. Во постапката за издавање на одобрение за реизбор на член на надзорен одбор дополнително се предвидува пензиското друштво да  достави и извештај од спроведена самоевалуација односно оценка на сопственото работење и идентификување на ризиците и слабостите во своето работење за целиот период на мандатот.

Во постапката за издавање на одобрение за избор на независен член на  надзорен одбор се бара пензиското друштво да достави потврда дека предложениот член на ги исполнува условите од закон кои се однесуваат на независен член.

Исто така се дава можност, заради издавање на одобрение за избор на член на надзорен одбор, Советот на експерти на Агенцијата да спроведе интервју со предложеното лице, преку кое ќе го оцени разбирањето на неговите одговорности и надлежности, неговата управувачка и оперативна компетентност како и начинот на надзор на спроведување на програмата за работа на пензиското друштво и пензиските фондови.

Се дополнува дека пензиското друштво доставува до Агенцијата заверена копија од решението на Централниот регистар на Република Македонија за извршениот упис на промените во рок од 10 дена од извршениот упис и за член на управен одбор доказ дека лицето засновало работен однос во пензиското друштво.

Во постапката за издавање на одобрение за именување на вршител на должноста член на управен одбор се пропишуваат документите потребни за издавање на одобрение и тоа одлука за избор и програма за работа. Се дава можност Советот на експерти на Агенцијата да спроведе интервју со предложениот кандидат.

Правилник за начинот и постапката за давање на одобренија на измените на документите поднесени при лиценцирање

Со овој правилник за прават измени и дополнувања на постојниот Правилник за начинот и постапката за давање на одобренија и бидејќи истите се прават во повеќе од половина одредби од правилникот се донесува нов правилник. Како и претходната група на правилници, пред се, измените произлегуваат од донесување на Законот за исплата на пензии и пензиски надоместоци од капитално финансирано пензиско осигурување и измените во законите поврзани со воведувањето на супервизија заснована на оценка на ризици.

Поради тоа, во делот за одобренија на раководни и одговорни лица се бара за овластен актуар – дозвола за работа како овластен актуар од Агенцијата за супервизија на осигурување и за одговорно лице за управување со ризици-доказ за соодветни обуки за извршување на активности поврзани со управување со ризици. За одговорните и раководните лица се бараат препораки за квалитетот на професионалниот ангажман во пропишаните области, од најмалку две лица кои не се на раководна позиција во пензиското друштво.

Исто така се дава можност, заради издавање на одобрение, Советот на експерти на Агенцијата да спроведе интервју со предложеното лице, преку кое ќе ги оцени неговите познавања од областа за која треба да се именува.

Има одредби за доуредување на постапката со тоа што доколку пензиското друштво не ја дополни документацијата или не ги отстрани недостатоците во рокот определен од Агенцијата, се смета дека се откажало од барањето, а Агенцијата донесува заклучок со кој се запира поведената постапка. Исто така, се дополнува дека пензиското друштво доставува до Агенцијата заверена копија од решението на Централниот регистар на Република Македонија за извршениот упис на промената од член 2 од овој правилник, во рок од 10 дена од извршениот упис.

Помеѓу другото, во Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување терминот „лице со посебни овластувања и одговорности се заменува со терминот „раководно лице“ и истото се менува во овој правилник. При тоа, се прават други технички подобрувања на правилникот.

Советот на експерти на седницата одржана на 11.11.2013 година гo донесе следниoт акт:

Упатство за пополнување на извештаите за пензиска заштеда
Со Упатство за пополнување на извештаите за пензиска заштеда, се опишува начинот на пополнување на колоната за  уплата и  исплата на  средствата, во извештајот за пензиска заштеда на индивидуална сметка, доброволна индивидуална сметка и на професионална сметка.

Советот на експерти на седницата одржана на 30.10.2013 година ги донесе следните правилници

Правилник за измена и дополнување на Правилникот за начинот на членство во доброволен пензиски фонд
Со Правилникот за измена и дополнување на Правилникот за начинот на членство во доброволен пензиски фонд се доуредува постапката за престанок на учеството во професионална пензиска шема. Односно, покрај условите за престанок на учество во професионална пензиска шема, согласно член 86 став (3) од Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување, учеството престанува и согласно одредбите од овој закон кои се однесуваат на остварување на право на пензија или смрт на членот, за што е потребно друштвото да добие информација од Фондот на ПИОМ, преку МАПАС, и во тој случај пензиското друштво не смее да прима уплати на придонеси. Исто така со оваа измена се врши усогласување на образецот на договорот за членство со законските измени во делот на управување со средствата на пензискот фонд.

Правилник за потврдата со мислење на овластениот актуар
Со овој правилник се уредува начинот, содржината и формата на потврдата со мислење за преземените дејствија, од страна на овластениот актуар на пензиското друштво, во врска со дадени насоки за пресметка на програмираните повлекувања, проверка дали направените пресметки и користените таблици на смртност и каматните стапки се во согласност со закон и подзаконските акти пропишани од Агенцијата и проверка на ликвидноста на пензискиот фонд.

Правилник за индивидуални сметки
Со Правилникот за индивидуални сметки се врши усогласување на одредбите на правилникот со последните измени во Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување. Усогласувањето се однесува на обврската на пензиското друштво, покрај евиденцијата за индивидуални сметки за членовите, да води евиденција и за индивидуалните сметки на пензионираните членови на задолжителниот пензиски фонд.

Советот на експерти на седницата одржана на 27.09.2013 година ги донесе следните правилници:

Правилник за доброволни индивидуални и професионални сметки
Со Правилникот за доброволни индивидуални и професионални сметки се врши усогласување на одредбите на правилникот со последните измени во Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување. Усогласувањето се однесува на обврската на пензиското друштво, покрај евиденцијата за доброволните индивидуални и професионалните сметки за членовите, да води евиденција и за доброволните индивидуални и професионалните сметки на пензионираните членови на доброволниот пензиски фонд.

Правилник за лиценцирање на пензиски друштва
Со Правилникот за лиценцирање на пензиски друштва се врши усогласување на одредбите на правилникот со последните измени во Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување и Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување. Во најголем дел усогласувањето се однесува на обврската на заинтересираните лица кои би биле основачи на пензиско друштво, при доставување на документи до МАПАС, да достават и информации за лица одговорни за управување со ризици и пресметка на програмирани повлекување, како и обврската за вклучување на пензиското друштво во Центарот за котација.

Правилник за начинот и постапката на пренос на средствата во Фондот на ПИОМ
Со Правилникот за начинот и постапката на пренос на средствата во Фондот на ПИОМ се врши усогласување на одредбите на правилникот со последните измени во Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување. Во најголем дел усогласувањето се однесува на префрлање на оперативните обврски од Агенцијата на пензиските друштва при што Агенцијата ја задржува контролната функција. Исто така, се утврдува преносот на средства во случај на пресметана разлика од секоја индивидуална сметка при пренос на сметка на Фондот на ПИОМ и фиксен износ при пресметана разлика од секоја индивидуална сметка кој се префрла на сметка на друштвото кое управува со задолжителниот пензиски фонд.

Правилник за начинот и постапката за оценување на вработените во Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување.

Правилник за начинот и постапката на маркетинг на пензиски фондови

Со Правилникот за начинот и постапката на маркетинг на пензиски фондови се врши усогласување на одредбите на правилникот со последните измени во Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување и Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување. Исто така со овој правилник се поедноставува содржината на извештаите кои се доставуваат до членовите, и се однесуваат на состојбата на нивните сметки и на портфолиото на пензискиот фонд. Пропишан е образец за детален извештај за состојба на сметка која членот може да ја добие и по електронски пат.

Skip to content