Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување
Uncategorized @mk

Започнува Глобалната недела на парите за 2025 година!

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување @mapas.mk и пензиските друштва @sava_penzisko, @kbprvo и @triglavpenzisko продолжуваат посветено да го спроведуваат овој настан со активности, сè со цел да се зголеми финансиската писменост кај младите. Овогодишната тема е „Размисли пред да одлучиш да „следиш“, за идната безбедност на твоите пари“ и се однесува на тенденцијата кај […]

Работна средба на директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Мемов со претставници на МАПАС и друштвата за управување со задолжителните и доброволните пензиски фондови

Директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Никола Мемов  имаше средба со претставниците на МАПАС, Дарко Саздов и Ментор Јакупи, членови на Советот на експерти на Агенцијата, како  и со претседателите и на Управните одбори на приватните пензиски друштва: КБ прво пензиско, Сава-пензиско и Триглав пензиско друштво, Весна Стојановска, Снежана Станковиќ и Тихомир Петрески. […]

Започнува одбележувањето на Глобалната недела на парите 2025:„Размисли пред да „заследиш“, за безбедност на твоите пари во иднина“

Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување – МАПАС и Бирото за развој на образование потпишаа Меморандум за соработка Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување – МАПАС како член на Координациското тело за финансика едукација и финансиска инклузија, ја известува јавноста дека планираните активности за одбележување на Глобална недела на парите ги […]

Комитетот за финансиска стабилност го усвои Годишниот извештај: Финансискиот систем е стабилен

Финансискиот систем и натаму е стабилен, додека ризиците се на умерено ниво. Ова е општиот заклучок во Годишниот извештај на Комитетот за финансиска стабилност за 2024 година, којшто Kомитетот го усвои на својата последна седница. Во Годишниот извештaј се наведува дека домашниот финансиски систем покажува висока отпорност на шокови и успешно се справува со тековните […]

Соопштение за трагичниот настан во Кочани

Со длабоко жалење и тага ја примивме веста за трагичниот настан што се случи во Кочани, при што животот го загубија наши сограѓани, а многумина се повредени. Овој немил настан остава неизмерна болка во срцата на семејствата, пријателите и целата јавност. Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС изразува искрено сочувство до […]

Присуство на претставници од МАПАС на Меѓународна конференција за реформирање на пензискиот систем во Албанија

На 5 февруари 2025 година, претставници од Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување учествуваа на меѓународната конференција „Реформирање на пензискиот систем во Албанија“, која се одржа во Тирана. Конференцијата беше организирана од Светската банка и Министерството за економија, култура и иновации на Албанија. Конференцијата започна со поздравни говори од г. Бленди Гонџја, министер […]

Објавен е Кварталниот статистички извештај бр.76

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС го објави Кварталниот статистички извештај за четвртиот квартал во 2024 година. Кварталниот статистички извештај бр.76, 31.12.2024 е на следниот линк: Кварталниот статистички извештај бр.76  

Skip to content