Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување
Uncategorized @mk

Во соработка со ИНФЕ-ОЕЦД и Министерството за финансии на Холандија се засилуваат активностите за спроведување на националната Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија

Работилница за успешно спроведување на Стратегијата: „Координирани напори за зајакнување на финансиската писменост во Северна Македонија“ Спроведувањето на првата национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија засилено напредува. Оттука, вчера и денес, финансиските регулатори од земјава предводени од Народната банка во рамките на Координациското тело за финансиска едукација и финансиска инклузија, заедно со Меѓународната […]

МАПАС на Денот за пензиска свесност -15 септември порачува: Информирајте се за својата пензиска заштеда уште додека сте млади!

Скопје, 15.09.2021 – Во рамки на својата мисија да ги заштити интересите на членовите на пензиските фондови и да го поттикне развојот на капитално финансираното пензиско осигурување заради посигурни пензионерски денови, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС го одбележува Денот за пензиска свесност – 15 септември со низа активности чија цел […]

Одржана редовна седница на Комитетот за финансиска стабилност

Финансискиот систем е во добра состојба и е подготвен да им одговори и на идните предизвици. Меѓусекторската поврзаност на институционалните сегменти на системот и можноста за прелевање на ризиците од еден во друг сегмент се на ниско ниво. Исклучително важно за македонската економија е што сите расположливи показатели покажуваат дека секој од институционалните сегменти на […]

Соопштение за вредноста на нето средствата на задолжителните пензиски фондови

Агенцијата за супeрвизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС, ja информира јавноста дека на ден 02.09.2021 година задолжителните пензиски фондови ја надминаа вредноста на нето средствата од 100 милијарди денари.

Усвоен Кодекс на добри практики за финансиска едукација – Координиран пристап на финансиските регулатори, приватниот и граѓанскиот сектор за поефикасна едукација

Координациското тело за финансиска едукација и финансиска инклузија, со коешто раководи Народната банка, а во коешто членуваат претставници на сите финансиски регулатори – Народната банка, Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност (КХВ), Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) и Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО), го усвои Кодексот на добри […]

Седница на Советот на експерти (31.08.2021)

Информација за 48-та седница на Советот на експерти, одржана на 31.08.2021 година Советот на експерти одржа седница на 31.08.2021 година и донесе: • Правилник за измена и дополнување на Правилникот за членство во задолжителен пензиски фонд. Образложение: Со член 1 од Правилникот за измена и дополнување на Правилникот за членство во задолжителен пензиски фонд се […]

МАПАС спроведе истражување за информираноста на членовите во задолжителните пензиски фондови во мај 2021 година

Во рамките на предвидените активности кон стратегиската цел – Унапредување и одржување на стабилно и транспарентно капитално финансирано пензиско осигурување што ја има поддршката на членството и јавноста, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС, во текот на месец мај 2021 година, спроведе истражување за информираноста на членовите во задолжителните пензиски фондови […]

Skip to content