Информација од 26-та седница на Советот на експерти, одржана на 25.12.2019 година
Советот на експерти одржа седница на 25.12.2019 година и донесе: • Правилник за измена и дополнување на Правилникот за правилата и минималните стандарди за определување на каматни стапки Образложение: Со измената на Правилникот за правилата и минималните стандарди за определување на каматни стапки, се прецизираат одредбите од правилникот кои се однесуваат на изборот на државни […]
Вработените од МАПАС се приклучија на акцијата ,,Не биди ѓубре”
Вработените од МАПАС со цел подигнување на свеста кај граѓаните за правилно одлагање на отпадот и грижа за животната средина денес на 14.12.2019 година започнувајќи од 12 часот на локацијата Скопско Кале чистеа и земаа учество во акцијата која ја организираше Владата заедно со граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“.
Информација од 25-та седница на Советот на експерти, одржана на 29.11.2019 година
Советот на експерти одржа седница на 29.11.2019 година и донесе: Правилник за измена и дополнување на Правилникот за проценка на средствата на задолжителните и доброволните пензиски фондови Образложение: Со измената на Правилникот за проценка на средствата на задолжителните и доброволните пензиски фондови се овозможува пензиското друштво, при определувањето на пазарната вредност на определена хартија […]
СООПШТЕНИЕ Истекува рокот за поднесување на Изјава за членовите со бенифициран стаж
Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), ја известува пошироката јавност дека истекува рокот за поднесување на Изјава за продолжување на членството во задолжителен пензиски фонд. Согласно законските измени од 2 септември 2019 година членовите на задолжителните пензиски фондови кои веќе стекнале стаж со кој се остварува намалување на старосната граница за пензионирање […]
Информација за присуство на конференција на ИОПС и ОЕЦД
Претставници на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување учествуваа на конференција организирана од страна на ИОПС и ОЕЦД на тема „Развој и супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување„ од 06-08.11.2019 година. Во рамки на конференцијата, Агенцијата имаше свој преставник во рамки на панелот за „Развој на капитално финансирано пензиско осигурување во Југо-Источна Европа„.
Седница на Советот на експерти (12.11.2019)
Информација од 24-та седница на Советот на експерти, одржана на 12.11.2019 година Советот на експерти одржа седница на 12.11.2019 година и донесе: Финансиски план на Агенцијaта за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за 2020 година и Годишна програма за работа на Aгенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за 2020 година.
Објавен билтен за Октомври 2019
Почитувани, МАПАС го објави месечиот билтен за Октомври 2019 година.