(02) 3224 229
contact@mapas.mk
mk
eng
(
eng
)
alb
(
alb
)
Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување
МАПАС
Прописи
Субјекти под супервизија
За членовите
Извештаи
Транспарентност
Контакт
Едукација
Едукација
Едукација
Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија
Едукативни материјали и видеа
E-МАПАС информатор
Пријави ме за Е-МАПАС
Поимник на зборови од капитално финансирано пензиско осигурување
Истражувања на јавно мислење
Квиз
Провери го твоето знаење за капитално финансираното пензиско осигурување
ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ
ДА ГО ПРОВЕРИТЕ
СВОЕТО ЗНАЕЊЕ ЗА
ПЕНЗИСКИОТ
СИСТЕМ?
1.Како да изберам пензиски фонд?
да стапам во контакт со лиценциран агент на пензиско друштво
да стапам во контакт со ФПИОСМ
да стапам во контакт со МАПАС
2.Дали невработено лице може да биде член на доброволен пензиски фонд?
Да (доколку има најмалку 15 и најмногу 70 години возраст)
Не, бидејќи не е вработен
Можеби
3.Кој го супервизира и регулира вториот и третиот столб?
Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС)
АСО
МТСП
4.Дали може да позајмам од моите заштеди во вториот и третиот столб?
Не, бидејќи намената на средствата на мојата лична сметка во приватниот пензиски фонд е да обезбеди извор на пензионерски приход
Да
Секако тоа се мои пари
5.Колку пензиски столба постојат во Република Северна Македонија?
еден
три
два
6.Колку вкупно пензиски друштва работат во Република Северна Македонија?
еден
три
четири
7.Што прави пензиското друштво?
ги инвестира средствата на пензискиот фонд
организира друштвени игри за пензионери
ги носи пензионерите на бања
8.Кој може да се вклучи во задолжително капитално финансирано пензиско осигурување (втор столб)?
лицата кој прв пат се вработени по 1 јануари 2019 година и на датумот на вработување се помлади од 40 години
нема ограничување
само тие што уплаќаат во доброволно капитално финансирано пензиско осигурување (трет столб)
9.Како се стекнува членство во задолжителен пензиски фонд (втор столб)?
со потпишување на договор за членство во задолжителен пензиски фонд (втор столб) во рок од 3 месеци по датумот на вработување,
со изјава за членство
со потпис кај нотар
10.Што е со членството доколку не се склучи договор?
доколку не потпишете договор, не сте член во задолжителен пензиски фонд (втор столб)
доколку не потпишете договор за членство во рок од 3 месеца, Фондот на ПИОСМ ќе ги распредели во еден задолжителниот пензиски фонд
доколку не потпишете договор, ќе бидете осигуреник само во Фондот на ПИОСМ
11.Кој може да се вклучи во доброволно капитално финансирано пензиско осигурување (трет столб)?
само вработени лица
лица со возраст од 15 до 70 години
лица со возраст над 18 години
12.Колку е миниум уплата во доброволниот пензиски фонд и дали редовно се обврзани да уплаќаат членовите во доброволен пензиски фонд?
годишно, минимум 10.000 денари
месечно, минимум 1000 денари
секој има право кога сака и колку сака да уплаќа доброволен придонес
13. Кој ги штити интересите на членовите на пензиските фондови?
Управа за јавни приходи
Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС
Фонд на ПИОСМ
14.Што е пензиски фонд?
маса на средства
пензиско друштво
чувар на имот
15.Во каков плик се доставува Извештајот за пензиска заштеда?
зелен плик
жолт плик
црвен плик
16.Со кого можам да склучам договор за членство во задолжителен пензиски фонд?
со агент во име на пензиското друштво
со брокер во име на пензиското друштво
со МАПАС
17.Колку изнесува придонесот што се уплатува за член во задолжителен пензиски фонд?
6% од бруто плата
10% од бруто плата
20% од бруто плата
18.Еден осигуреник во исто време може да биде член:
само во еден задолжителен пензиски фонд
во два задолжителни пензиски фондови
во три задолжителни пензиски фондови
19.Кога најрано може да се користат средствата од втор столб?
10 год пред пензионирање
На денот на пензионирање
5 год пред пензионирање
20.Парите во втор столб се наследни:
Да
Не
Во зависност од износот
21.Парите во втор столб може да ги искористам за:
Купување на кола до 5000 евра
Учество за стан
Пензија
22.Приносот од инвестирање на средствата е заработка за:
Пензиското друштво
МАПАС
Членот на пензискиот фонд
24.Од моментот на првото вработување, во кој рок имате право да изберете задолжителен пензиски фонд?
Во рок од 3 месеци
Во рок од 1 година
Нема ограничување во кој рок можам да станам член на втор столб
25.МАПАС врши супервизија на работата на:
Пензиските друштва и пензиските фондови
Чуварите на имот на средствата на пензиските фондови
Двете горенаведени
26.Што се случува со придонесот кој ми се одвојува за втор столб?
Тие средства се уплатуваат на вашата лична индивидуална сметка во вашиот задолжителен пензиски фонд, кои потоа се вложуваат во финансиски инструменти со цел зголемување на средствата кои се користат за пензија
придонесите се уплатуваат на вашата лична индивидуална сметка кои потоа не се вложуваат во финансиски инструменти
придонесите се уплатуваат на друга сметка кои потоа се вложуваат во финансиски инструменти
27.Во кои финансиски инструменти друштвото ги инвестира моите пари?
Вашето друштво средствата ги инвестира најчесто во: депозити во банки, акции од домашни и странски издавачи, обврзници од домашни и странски издавачи, краткорочни хартии од домашни издавачи, инвестициски фондови од домашни и странски издавачи, итн.
во депозити во банки, акции од домашни и странски издавачи
краткорочни хартии од домашни издавачи, инвестициски фондови од домашни и странски издавачи, итн.
29.Колку видови на исплати на пензии постојат во КФПО- втор столб?
Доживотен непосреден ануитет , програмирани повлекувања и привремени програмирани повлекувања во комбинација со доживотен одложен ануитет
доживотен ануитет и програмирани повлекувања
програмирани повлекувања и привремени програмирани повлекувања
30.Кога се поднесува барање за пензија само од вториот столб?
Се поднесува барање по наполнување на 65 години живот
Со наполнување на 65 години живот автоматски се исплатува пензија на втор столб
барањето за исплата на пензија само од втор столб се поднесува за мажи на 64 години и за жени 62 години.
31.Што е доброволен пензиски фонд?
Фонд за доплата на стаж во Фондот на ПИОСМ
Фонд на кој можете доброволно да заштедите за дополнителни приходи за пензија
Фонд за иновации
32.Кога се остварува право на пензија од втор столб?
на 35 г. за мажи и 32 за жени
на 52 г. за мажи и 54 за жени
на 64 г. за мажи и 62 г. за жени
33.На кој начин може да се изврши исплата на пензија од втор столб?
програмирани повлекувања, ануитети и комбинирано
еднократно
на рати
34.Кој ја контролира работата на пензиските друштва?
Фонд на ПИОСМ
Државен завод за ревизија
Мапас
35.Кога најрано може да се користат средствата од трет столб?
10 год пред пензионирање
На денот на пензионирање
5 год пред пензионирање
36.Чија сопственост се средствата на задолжителeн пензиски фонд?
на членовите на задолжителниот пензиски фонд
на чуварот на имот на задолжителниот пензиски фонд
на пензиското друштво
37. Што го сочинува задолжителниот пензиски фонд?
придонесите уплатени во име и за сметка на членовите, средствата на членовите и приносите од инвестираните придонеси и средства, намалени за надоместоците што се наплатуваат од пензискиот фонд
средствата од трансакциските сметки на членовите
капиталот на пензиското друштво
38.Кои се принципите на инвестирање на средствата на задолжителните пензиски фондови?
остварување на највисок принос единствено во полза на членовите на задолжителните пензиските фондови преку диверзификација и финансиска анализа да се минимизира ризикот од загуби
остварување на највисок принос во полза на пензиското друштво
остварување на просечен принос во полза на акционерите на пензиското друштво
39.Како и кој ги чува средствата на задолжителниот пензиски фонд?
средствата се целосно одвоени од средствата на пензиското друштво и се чуваат во Буџетот на Република Северна Македонија
средствата се целосно одвоени од средствата на пензиското друштво и се чуваат кај банка- чувар на имот
средствата се чуваат во банка заедно со средствата на пензиското друштво
Time is Up!
Time's up
Skip to content
Open toolbar
Зголеми го текстот
Намали го текстот
Црно-бело
Висок контраст
Негативен контраст
Светла позадина
Подвлечени линкови
Фонт за читање
Ресетирај