Работи на маркетинг се сите активности чија цел е рекламирање на пензиско друштво и на задолжителен и доброволен пензиски фонд и информирање и склучување на договори за членство во задолжителен или доброволен пензиски фонд и договори за исплата на средства од задолжителен или доброволен пензиски фонд.
Пензиско друштво може да склучи договор за членство, договор за премин, договор за програмирани повлекувања, договор за еднократна исплата и договор за повеќекратни исплати со физичко лице само преку свој агент.
Агент може да биде лице вработено во пензиско друштво и друго лице кое е договорно ангажирано од страна на пензиско друштво.
Работи на маркетинг на задолжителни и доброволни пензиски фондови може да врши лице по неговото запишување во регистарот на агенти.
Во регистарот на агенти може да биде запишано лице кое ги исполнува следниве услови:
- да е државјанин на Република Македонија или ако е странец да има регулиран статус на странец во Република Македонија согласно со закон;
- да не му е изречена прекршочна санкција забрана на вршење на професија, дејност или должност во областите на економијата, финансиите, осигурувањето, банкарството и правото;
- да има завршено најмалку средно образование;
- да положило испит за агенти пред Агенцијата и
- да не е вработено во: Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Агенцијата за вработување на Република Македонија, Управата за јавни приходи и агенции за привремени вработувања.
Агентот може да врши работи на маркетинг на задолжителни и доброволните пензиски фондови со кои управува само едно друштво. Агентот е должен одново да се регистрира, за да врши во иднина работи на маркетинг на задолжителни и доброволни пензиски фондови со кои управува друго друштво.