Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Програма за испит на агенти

Испитот се полага според Програма за полагање на испит на агенти, изготвена од Агенцијата.

Програмата вклучува теми од задолжително, од доброволно капитално финансирано пензиско осигурување, како и од областа на исплата на пензии и пензиски надоместоци од капитално финансираното пензиско осигурување.

Програмата за испит на агенти е наменета за подготовка на лицата кои по завршување на испитот ќе вршат маркетинг на пензиски фондови т.е. агентите со цел нивно обучување за вршење на работи на маркетинг за задолжително и за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување. 

Програмата за полагање на испит за агенти редовно се ажурира согласно измените во релевантните закони и подзаконски акти, како и со цел инкорпорирање на позначајните настани од областа на капитално финансираното пензиско осигурување во Република Северна Македонија.

Овде може да ја преземете последната ажурирана Програма за испит на агенти

Датум на ажурурање: 11/2020

 

 

Skip to content