Испит за агент се полага заради проверка на потребното стручно знаење за вршење на работи на маркетинг на пензиски фондови. Испит за агент може да полага лице кои ги исполнува следниве услови:
- да е државјанин на Република Македонија,
- да има живеалиште во Република Македонија,
- да има завршено најмалку средно образование и
- со правосилна одлука да не му е изречна забрана за вршење на професија, дејност или должност се додека траат последиците одзабраната.
Испитот за агенти се полага според програма во која се содржани градивото, прописите и литературата. Програмата за полагање на испитот од соодветната област ја донесува Агенцијата.
Испитот за агент се спроведува најмалку два пати годишно (мај и ноември).
Барањето за полагање на испит пензиското друштво го поднесува до Агенцијата заедно со докази за исполнување на условите за полагање на испитот, пропишани со закон. На кандидатот му се овозможува да започне да го полага испитот во првиот нареден термин од денот на одобреното барање за полагање на испитот. Кандидатите на кои им е одобрено барањето за полагање на испитот, пензиското друштво и јавноста се информираат за датумот и времето на полагање на испитот, најмалку осум дена пред одржување на испитот преку веб сајтот на Агенцијата и Јавниот радиодифузен сервис.