Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување
Uncategorized @mk

Усвоени Основните компетенции на финансиската едукација – Координиран пристап на финансиските регулатори, на приватниот и на граѓанскиот сектор за поефикасна едукација

Координациското тело за финансиска едукација и финансиска инклузија, со кое раководи Народната банка, а во кое членуваат претставници на сите финансиски регулатори – Народната банка, Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност (КХВ), Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) и Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО), ги усвои Основните компетенции на […]

Соопштение до јавноста за полноважност на одобрението на ВФП ФОНД МЕНАЏМЕНТ АД СКОПЈЕ за управување со доброволен пензиски фонд

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС ја известува пошироката јавност дека ВФП ФОНД МЕНАЏМЕНТ АД СКОПЈЕ достави Известување до Агенцијата за извршениот упис на “Друштво за управување со доброволни пензиски фондови ВФП ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје” во Централниот регистар на Република Северна Македонија. Агенцијата, по разгледување на доставената документација утврди дека […]

Објавен е Кварталниот статистички извештај бр.66

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС го објави Кварталниот статистички извештај за вториот квартал во 2022 година. Согласно Кварталниот статистички извештај со состојба 30.06.2022 година: Вкупниот број на членови во задолжително капитално финансирано пензиско осигурување изнесува 561.477. Вкупниот број на членови во доброволно капитално финансирано пензиско осигурување изнесува 433. Нето средствата […]

Пензискиот пазар во фокус – Прелиминарни податоци за пензиските фондови за 2021 година

Организацијата за економска соработка и развој – ОЕЦД го објави најновиот број на изданието “Пензискиот пазар во фокус – Прелиминарни податоци за пензиските фондови за 2021 година“. Прелиминарнте податоци, на ОЕЦД, за 2021 година покажуваат дека средствата на пензиските фондови во втората година од пандемијата со вирусот Корона продолжија да растат скоро во сите истражувани […]

МАПАС – Вкупните средства на задолжителните пензиски фондови во 2021 година надминаа 100 милијарди денари

Во текот на 2021 година, вкупните средства на задолжителните пензиски фондови надминаа 100 милијарди денари и на крајот на 2021 година достигнаа 105,66 милијарди денари, односно пораснаа за 21% во однос на 2020 година. Додека пак, вкупните средства на доброволните пензиски фондови забележаа поголем раст во однос на вкупните средства на задолжителните пензиски фондови, односно […]

Соопштение за активност за заштита и подобрување на животната средина

Во рамки на активностите за заштита и подобрување на животната средина и со цел подигнување на свеста кај граѓаните, вработените од МАПАС ја чистеа локацијата Проевце – Куманово. Активноста се спроведе во околина на изворот на природна кисела вода. Со ова се потврдува дека продолжуваме со активности кои се одвиваат најмалку два пати годишно, се […]

Интерен оглас бр.6

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување објавува: Интерен оглас бр.6. Документација за огласот

Skip to content